Драмата пред голот на Хандановиќ во 90-та минута и двата гола

Градското дерби во Милано во 12. коло од Серија А заврши 1:1, резултат од кој веројатно никој не е задоволен. Интер останува на -7 од Милан, а пак росонерите не искористија голема шанса во финишот со која ќе беа лидери на табела.

Главната содржина од „Дерби дела Мадонина“ се случи во првото полувреме и тоа во кус период од 6 минути во кои паднаа двата гола на мечот.

Интер доби два пенали од кои едниот го промаши, a си постигна и автогол.

Милан имаше статива и зицер во една иста акција во финишот на мечот, со која можеа да му избегаат на Наполи кој киксна дома со Верона 1:1.

Стативата ја погоди Салемакерс кој се држеше за глава, а потоа Кеси ја погоди топката на прва, ама го утна цел гол.

Ќе почнеме од крајот, односно од шансата на Милан кој испушти триумф во финишот.

11 минута: Пеналот на Чалканоглу за 0:1

17 минута: Автоголот на Де Врај за 1:1

27 минута: Промашениот пенал на Лаутаро Мартинез

8 ноември 2021 - 08:11