Во Бразил фудбалот е повеќе од игра - го провоцираа Гремио со ковчези дека испаднал од лига

Во Бразил во саботата вечер се одигра големото дерби, бразилското суперкласик или познатото дерби Гре-Нал. Интернасионал и Гремио играа жесток меч, а единствениот гол за домаќинот во 39’ минута го постигна поранешниот капитен на Шахтјор и лидер на Интернасионал, Тајсон кој е капитен и број 10.

Но никој не можел да претпостави што ќе се случи после судиската свирка за крај. Фудбалерите на Интернасионал, веројатно поддржани од навивачите во тоа, решиле да му се одмаздат на Гремио и неговите навивачи за провокациите од пред пет години кога „црвено-белите“ испаднаа од прва лига.

На теренот се појавија картони во вид на ковчези и сандаци

Иницијатор и „коловоџа“ на целиот марифетлук бил Патрик Безера. Фудбалерите на Гремио беа нормално испровоцирани од гестот на Патрик па на терен избија нереди а Безер за провокацијата добил црвен картон после мечот.

Ковчегот е одговор на истата провокација со која Гремио пред пет години го провоцираше Интернасионал за испаѓање во Серија Б.

 

Ги провоцирал и капитенот на Интернасионал кој го постигна победничкиот гол:

8 ноември 2021 - 10:05