Додека УЕФА водеше битка со некаква Суперлига, во сенка остана еден друг важен момент. До денешен ден уште не е јасно кој град ќе ја задржи организацијата на Европско првенство летово.
Само чкарт држава може да остави легенда како Драган Мутибариќ на маргините со 13.500 денари месечно. (Не)заборавениот голман на Вардар и Југославија сега не е само во финансиска, туку и во здравствена криза и вели дека никој ќе го рецка. Срамота.
Италијанските медиуми не застануваат со темата Горан Пандев. Јубилејот на македонската легенда беше инспирација за Скајспорт да ја стокми топ 20 листата на најефикасни странци во историјата на италијанскиот фудбал. Друштвото е елитно.
Пред мечот Барселона - Хетафе кој заврши 5:2, гостите како што налага традицијата во Шпанија, со убав коридор ги пречекаа домашните играчи на теренот за да им честитаат на големиот трофеј освоен во Купот минатата сабота.
Шефилд Јунајтед е тим кој лани за малку не се пласираше во еврокупови преку Премиер лига, а сезонава на цели 6 кола пред крајот и теоретски испадна во Чемпионшип.
Во Серија А е кланица за местата во ЛШ. Милан е втор со 66, Аталанта и Јуве имаат по 65, Наполи 63, Лацио 58 со меч помалку. Фудбалерите на Аталанта синоќа водеа на полувреме против Рома и можеа да лапнат 3 бода и да бидат втори. Но Луис Муриел ја имаше утката на месецот и место 0:2, мечот заврши 1:1.
После сите величења, се чекаше некој што има челични нерви и истражувачки способности да седне и да ја состави компилацијата која се бараше. Јубилејната 100-ка на струмичанецот во Серија А во едно видео by извесен Matejcho. Ти благодариме другар. Лацио (48), Џенова (27), Наполи (19), Интер (5) и Анкона (1).
Најчести асоцијации на прослава на гол се оние на Стариџ, Гризман, Мбапе па и салтата на Миро Клосе на времето. Најдобрите играчи на денешницата Кристијано Роналдо и Лионел Меси исто имаат свои автентични прослави на голови.
Сè е во знакот на Горан Пандев денеска. Џенова не застанува да ја возвишува нашата легенда. Најпрвин со “кралски“ честитки, па интервју и на крај со фантастична компилација од сите 27 гола кои ги постигна за најстариот италијански клуб во Серија А.
Кога во 21-та минута удри втор пат по Беневенто за конечни 2:2 и стигна до бројка од 100 гола во Серија А, Горан се доближи до камерата и кажа нешто. Тоа било поздрав до син му на кој му го честита 11-от роденденот со гол.
На 7 декември 2003-та година Пандев на 20 години го постигна својот дебитантски гол во една од најсилните лиги на светот. И тоа каков гол! Сличен на оној неколку години подоцна кога ги измеша Канаваро, Турам и Буфон.
Суперлигата рикна за два дена, а Бетон Суперлигата гази напред и сите сакаат да и се приклучат. Флорентино, Андреа, Роман...вие ќе почекате, предност имаат помалите. И по емисии почнаа да ја зборат.
Ова што го прави најдобриот македонски фудбалер од коло во коло во Италија скоро 18 години е стварно неверојатно. Нема клуб за кој не се изнадава голови уште кога првпат стапна во Серија А. Го сакаат и почитуваат безусловно сите навивачи.
Голем дел од претседателите на европските гиганти се „мала маца“ за некогашниот сопственик на Милан кој жареше и палеше ширум Европа. Кога тој смислувал идеја како да се офајди од УЕФА, другиве уште започнувале скромни бизниси.
Една од главните мети на новинарите на Скај по синоќешното 32 коло во Серија А беше Горан Пандев, а додека траеше разговорот со него во живо, го вклучија и Антонио Конте со кој си направија убав муабет.
Редно време е некој да му каже на Роналдо дека така не се стои на жив ѕид или па подобро нека не стои. Со Порто и сврте грб на топката, ги рашири нозете и примија гол, а вечерва е виновник што Парма поведе. Погледнете му ја реакцијата. Не те јаде бе Кики, топка е.
Првата инстантно брза честитка за јубијелот на Гранде Горан во Серија А пристигна од неговиот репрезентативен другар, ученик, а можеби и наследник. Елиф Елмас постираше фотографија од Пандев облечен во дресовите со кои изгази во Италија.
Името на капитенот на Македонија ќе остане запишано со златни букви во Италија. Историјата е испишана, Горан Пандев влезе во клубот 100, а воедно е и најдобар екс ју стрелец во италијанската лига. Секоја чест мајсторе.
Во изданието на Панини за ова Европско, нешто фали, а нешто е вишок. Она што недостасува се селекторите кои порано ги имаше. Она што е вишок, го знаете. Најдовме решение, со сликица која е мал подарок од нас.
Зарем би имало драж секоја година да ги гледаме едните исти? Ако Лестер е прв во лига, ќе си игра во ЛШ, му се допаѓало тоа на некој или не. Или па Ајакс, Лион и Порто на некој не му биле доволно атрактивни. Плус кај се видело фудбал без вакви посебни ноќи кои остануваат во аналите? Нема цена ова.
Сопственикот на Фенвеј спорт групата, милионерот од САД, Џон Хенри кој е газда и на Ливерпул, во видео порака им се извини на навивачите и на Клоп за глупоста која што ја направила управата.
Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Челси, Арсенал, Манчестер Сити, Тотенхем, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Интер, Милан и Јувентус “се изнаиграа“ фудбал во лигата која ја стопираа 48 часа по формирањето. Победи традицијата. Барем за сега.