Најјакиот гол кој некогаш паднал во Шкотска, кога Русинот застана на топка

Манчестер Јунајтед е главниот клуб во кариерата на некогашниот руски фудбалер Андреј Канчелскис, но него го паметат и многу го ценат и во Шкотска. Русинот од 1998 до 2002 одиграл повеќе од 100 меча за Ренџерс, освоил две титули, три Купа и постигнал 19 гола.

Од сите титули, трофеи, голови и настапи, Канчелскис најмногу се памти по еден потег. 

„Добро го памтам тој меч. Беше 2000-та година, полуфинале на Куп на Шкотска, против Еир Јунајтед. Водевме 3:0 ли 4:0 кога добив една топка на десно крило. Никој од бековите не ме чуваше, имаше пространство. Застанав на топката и погледнав кај се наоѓаат нашите напаѓачи. Немавме високи играчи, напаѓач играше и малиот Били Додс кој секогаш се наоѓаше на право место“.

Ренџерс на тој меч победил 7:0 а после во финале го згромил и Абердин со 4:0 за титула во Купот на Шкотска 

 

16 декември 2021 - 13:45