Фудбал

Излезе химната на Бетон Суперлига

Паралелно со Суперлигата, се крчка нешто јако, кое стана и официјално. Пет балкански екипи и го зададоа првиот удар на елитната Суперлига и создадоа своја, Бетон Суперлига. Таму нема да има пари, туку прав фудбал кој се состои од дружење, поврзување, забава, хуманитарна работа...

Ангеловски: Научив од Гасперини, Јуриќ и силниот Палермо, а му се восхитувам на Манчини

„Серија А ја следам од деновите на Саки, а мојата максима е една. Не треба Италија да ме повика мене, јас ќе ја повикам со силата на резултатите. Не можам да го сварам тоа кога ќе забележам дека Пандев, Несторовски, Елмас, кај вас добиваат мала минутажа. Кај мене ќе имаат вечна доверба“.

Селекторот на Норвешка му го спушти на Ањели

Од вчера до денес немаше ниту еден позитивен коментар во врска со формирањето на Суперлигата, туку само критики, критики и само критики од сите страни. Оваа критика е многу реална и со факт ја уништува приватната фудбалска забава на елитата.

А спринтот на Стефан по цел терен го видовте?

Во згуснатиот викенд на спортски настапи и стотици голови, нешто сме пропуштиле од наш човек, а не оди да го пропуштиме. Повремениот македонски репрезентативец Стефан Ашковски кој игра за Ботошани на дуелот против Стеауа се претвори во Мбапе.

Зошто Германците мудро не се фатија за орото?

Во неделата доцна вечер 12 европски клубови објавија дека ќе основаат Суперлига. На тој список ги нема Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Тие решија да останат верни на УЕФА и правилата.

Закана на денот од УЕФА

Суперлигата е топ тема на денот по која има безброј реакции, но и доста заебанции. Во Лондон можат да бидат мирни, бидејќи УЕФА ништо не им може. Барем на овие две екипи.

„На Ањели може да му олесни, Беневенто нема да игра во Суперлига“

Големите клубови кои ја поддржаа идејата за своевидна приватна Суперлига, друштво на елита, најбогатиот крем на фудбалот, не ни претпоставуваа каков ќе биде одговорот на јавноста, на УЕФА, па и на државните влади и министерства.

Реалноста за Суперлигата во една фотографија

„Сиромашните го создадоа, богатите го украдоа“, вели паролата која го отсликува денешниот фудбал во канџите на милијардерите и профитерите, како и создавањето на новата лига. Лига за богати кои сакаат да се дистанцираат и да бидат уште побогати.

Невил: Ми се гади од одлуката на Јунајтед и Ливерпул, дајте им ја титулата на Барнли

„Треба да им бидат одземени бодови и парично да бидат казнети. Ова е криминал. Ова е казнено дело против љубителите на фудбалот. Одзмете им ги трофеите и дајте им на Барнли и Фулам“, вели бесниот Гери Невил.

Мурињо отпуштен откако ја бранел идејата за традиционален фудбал

Еден од 12-те клубови кои решија да се одметнат и да прават своја богата Суперлига, лондонски Тотенхем претпладнево решил да му врачи отказ на Жозе Мурињо, наводно поради тоа што им се спротивставил.

Познати се новите учесници во ЛШ, сезона 2021/2022

12 елитни клубови од Европа ја создадоа Суперлигата и направија земјотрес во фудбалот, а планот е да учествуваат вкупно 20 клубови. На УЕФА и се стемни, но затоа Кочани е во транс.

Ќе добиеш жолт картон само почекај да го земам од соблекувална

Брцни во заден џеб нема, во преден пак ништо. Еден памет, што да правам. Ај почекај ме тука. Мечот е Царско село Софија 2015 против ЦСКА Софија од првата бугарска лига.

Урнебесен твит на денот

Додека Европа ја тресе фудбалска револуција во која 12 најбогати клубови решија да основаат Суперлига, ирскиот малку познат клуб Бреј Вондерерс ги собра сите симпатии на интернет откако и они објавија што мислат за Суперлигата.

Фудбалска Европа ја потресе земјотрес, доцна вечер основана Суперлига, УЕФА беснее

Фудбалот набрзо веќе нема да биде онаков каков што го знаеме. Најбогатите елитни клубови решија да го делат колачот само за себе, не со посиромашните клубови. УЕФА и ФИФА спремни да удрат со сите оружја.

Соиграчи чекаа на ред за да се сликаат со Меси и пехарот

Барселона го понижи Атлетико Билбао во финалето на шпанскиот Копа дел Реј со 4:0, а интересно сите 4 гола паднаа во рок од 12 минути. Баскијците се држеа до кај 60' минута кога им почна потопот. Куман го освои првиот трофеј како тренер на Барса а Меси конечно проживува убави денови во клубот.

Нова мангупарија на Јокиќ

Кралот на асистенциите меѓу центрите во НБА има нешто ново да ви каже. Него не е човек да го удвои, бидејќи така само се лаже дека ќе спречи нешто. Коментаторите веќе се без зборови и се смеат на неговите потези, а Денвер на Твитер вели вака:

Лудница во автобусот на Барселона

Каталонците успеаа за 12 минути да го демолираат Атлетик Билбао со 4 комада и со тоа да стигнат до првиот трофеј сезонава, освоен во Копа деј Реј. Каква пандемија, каква дистанца, отворај шампањот.

Знаете ли дека во Германија постои награда за најглуп гол на месецот

Во многу европски и светски лиги има разни признанија: за најубав гол, за најферплеј потег, за најдобар стрелец, за најубава одбрана итн. Германците отидоа подалеку па имаат и забавна традиција: секој месец телевизиската емисија „Прекрасниот свет на фудбалот“ доделува награда за најлош гол на месецот - Kacktor des Monats.

27 години од првиот фудбалер што заврши во затвор поради фаул

На 16 април 1994 во шкотската Премиер лига, на мечот Рејт Роверс - Глазгов Ренџерс, шпицот на Ренџерите Данкан Фергусон му удри глава на бекот Џон МекСтеј. Поради овој напад беше осуден на 3-месеци затвор.

Пополни го Панини албумот он лајн

Ви ја олеснивме работата на сите вас кои загубивте нерви да акате низ цел град за да најдете сликици. Епа нема повеќе чекање ред, замарање продавачки, а ниту трошење пари. Тука имате гага сликици секој ден, кликате и ги лепите.

А вие Војдан и Дамјан ги препознавате кој е кој?

„Дечкото игра за двете екипи, а исто така се гледа и од трибини“. Прејак муабет над фотката за темава, на која порано стварно се мамело кога на дресовите пишувало само бројки. Барем така велат за во Кина на баскет.

Во Турција играчи јадеа урми на сред натпревар по почеток на ифтар

На 12 април почна Рамадан - деветтиот месец во муслиманскиот календар или месец на постот во исламот. Во рок од 30 дена верниците може да јадат и пијат по зајдисонце па сè до изгрејсонце.

Новинарско прашање на кое Жозе остана тотално збунет

Тотенхем има нов спонзор, а тоа е компанијата Дулукс која произведува и продава бои, ама новинарот го испобуни Мурињо со прашањето. Прво му рече дека знае дека сака многу кучиња, а потоа го праша што мисли за новиот спонзор на чие лого има куче.

Спринтот на неуморниот Аријан после кој Динамо даде гол

И покрај тоа што беше повреден претходната недела и не беше сигурен за реваншот, Аријан Адеми одигра 82 минути за Динамо Загреб кај Виљареал. Дури и беше зачетник на акцијата после која „модрите“ намалија на 2-1 преку Оршиќ.