Точно 20 години од најлудиот гол на Андреј Шевченко

Тешко дека скоро ќе гледаме вакви тимови. Страшно дерби Милан - Јуве, на денешен ден, 9 декември пред 20 години, во 2001-ва. Пред 81.691 гледач Шевченко, Руи Коста, Малдини, Умит Давала, Гатузо, Албертини против Дел Пјеро, Трезеге, Недвед, Ѕамброта, Едгар Давидс, Монтеро, Буфон, Турам, Јулиано.

Во 23’ минута Хави Морено му спушта една топка на Шева на 40-ина метри од голот а украинскиот мајстор распалува колку го држи снага и вешто го матира Џиџи Буфон. Негов можеби најубав гол во кариерата. „Сан Сиро“ тогаш се тресеше: 

Ова беше 10. гол на Шева во сезоната, а Алесандро Дел Пјеро со погодок во 47’ минута ги постави конечните 1-1. Тоа беше 7-ми гол на Алекс за бјанконерите таа сезона.

9 декември 2021 - 11:37