Син му дебитираше за Манчестер Јунајтед во Лига на шампиони, Роби Севиџ заплака

Роби Севиџ беше еден од оние јунаци на англискиот фудбал кои долго се паметат. Во кариерата одигра 538 меча за Кру, за Лестер Сити, Бирмингем Сити, Блекбурн Роверс, Дерби Каунти. Кариерата ја заврши во Стокпорт. Играше и за репрезентацијата на Велс, а сега може да биде бескрајно горд зошто син му Чарли Севиџ дебитираше за гигантот Манчестер Јунајтед и тоа во Лига на шампиони.

Манчестер Јунајтед одигра 1-1 со Јанг Бојс и како лидер во групата оди понатаму. Новиот менаџер на тимот, Германецот Ралф Рагник изненадувачки им даде шанса на повеќе резервисти и млади играчи кои досега не играле многу и кои се потенцијал за прв тим:  Менги, Шортир, Икбал и Севиџ. Сите играа синоќа против Јанг Бојс.

Прилика искористи и 18-годишниот Чарли Савиџ кој игра во среден ред (роден е во 2003-та) и кој влезе во 89’ минута место Хуан Мата. Малиот е врвен талент и би требало да игра почесто како дел од новиот бран талентирани деца од школата на Јунајтед.

Роби Севиџ на времето како млад и самиот почнал да тренира фудбал во Манчестер Јунајтед но никогаш не заиграл:

"I'm starting to tear up..." "It is amazing what the boy has achieved."

9 декември 2021 - 08:47