
Во Лига Ц од Лига на нации, македонската репрезентација ќе игра во група Д со Гибралтар, Грузија и Бугарија.
Како и во досегашните две изданија, така и сега, во Лига на нации репрезентациите ќе играат со сите противници од своите групи, дома и на гости, во јуни и септември 2022 година.
Четири од шесте натпревари ќе се играат во јуни месец поради првото зимско Светско првенство 2022.
Четирите победници на групите од Лига А ќе играат на Фајнл Фор во јуни 2023 година, а победниците на групите во другите три дивизии ќе одат дивизија погоре во следното издание 2024/2025.
Лига Ц
Група А
Турција
Литванија
Луксембург
Фарски Острови
Група Б
Северна Ирска
Грција
Косово
Кипар/Естонија
Група Ц
Словачка
Белорусија
Азербејџан
Казахстан/Молдавија
Група Д
Македонија
Бугарија
Грузија
Гибралтар
Лига Д:
Група А
Казахстан/Молдавија
Лихтенштајн
Андора
Латвија
Група Б
Малта
Кипар/Естонија
Сан Марино
Лига Б
Група А
Украина
Шкотска
Ирска
Ерменија
Група Б
Исланд
Русија
Израел
Албанија
Група Ц
Босна и Херцеговина
Финска
Романија
Црна Гора
Група Д
Шведска
Норвешка
Србија
Словенија
Лига А
Група А
Франција
Данска
Хрватска
Австрија
Група Б
Шпанијa
Португалија
Швајцарија
Чешка
Група Ц
Италија
Германија
Англија
Унгарија
Група Д
Белгија
Холандија
Полска
Велс
Распоред на натпревари:
Рунда 1 и 2: 2–8 јуни 2022 година
Рунда 3 и 4: 8–14 јуни 2022 година
Рунда 5 и 6: 22–27 септември 2022 година
Полуфинални дуели: 14 и 15 јуни 2023 година
Финале и натпревар за трето место: 18 јуни 2023 година
Плеј-аут: 21–23 и 24–26 март 2024 година
Форматот за квалификациите за Евро 2024 сè уште не е потврден, што подразбира дека засега не се познати поединости за тоа како селекциите би можеле да се изборат за места во плеј-офот преку претстојното издание на УЕФА Лигата на нации.
УЕФА дополнително ќе се огласи по тој повод.