Фудбал

Смена на претседатели, 12 тренери и милијарда евра за трансфери

После повеќе од една деценија Интер и официјално го тргна Јувентус од тронот на Серија А и ја освои 19-та шампионска титула во историјата и прва од 2010-та година.

Мајсторе, само ти и Михајловиќ ја виткате од таму

Ретки се головите од слободен удар директно во гол од волку тешка позиција, бидејќи ударот од ваков агол бара прецизно и мангупско ефе со кое мора да се лобува голманот, инаку нема како да влезе. Бразилецот Матеус од Ногоја Грампус нè потсети на Синиша во ЛШ пред 20 години.

И официјално: Македонија со 26 наместо со 23 фудбалери ќе оди на Европско

Селекторите на селекциите кои ќе бидат дел од Евро2020 кое ќе се игра летово, денес добија убава вест од Европската фудбалска унија. Поради пандемијата се зголемува бројот на репрезентативци.

Меси постигнал 50 голови од слободен удар за Барса

Лионел во кариерата има дури 56 погодоци од директен слободен удар на клупски и репрезентативен план. Минатиот викенд на Барселона ѝ донесе злато вредна победа со голови по одбиена топка од пенал и со еврогол од слободен удар. Јубилеен 50-ти за Барса.

Банер на Удинезе - Јуве со поддршка за Нестор

И покрај тоа што тешко фаќа место во прв тим и има само 5 гола изминативе две сезони, сепак навивачите на Удинезе го почитуваат нашиот напаѓач и не заборавија да го поддржат во овие тешки мигови за неговата кариера.

Дара Бубамара бе ја рокнале во НБА

Атмосфера во „Американ ерлајнс центарот“ пред мечот Далас - Сакраменто. Е ај погодете од прва кој нарачува вакви песни.

Другар му на Вернер од Херта Берлин

Германскиот репрезентативен центарфор Тимо Вернер во последните неколку месеци е на удар на интернет мајтапџиите кои го искинаа со видеа, мемиња и коментари на неговите промашени зицери. Сега од германската Бундеслига стигна негов „колега“ по промаш. Некогашниот шпиц на Милан Кшиштоф Пјонтек ја имау утката на месецот.

Со Марио да си немаш работа

Во 80-та влезе, во 81-ва даде гол, па се искара со член од стручниот штаб на Салернитана и во 83-та доби жолт. На крај во 91-ва даде уште еден гол за конечни 3:1. Тоа е Марио Балотели кој го носи дресот на второлигашот Монца и се бори за Серија А. Ништо ново.

Агуеро даде мајсторски гол, Пеп му симна капа

Манчестер Сити го совлада Кристал Палас на гости 0:2 и веќе утре може да ја слави титулата, ако Манчестер Јунајтед загуби од Ливерпул. Серхио Агуеро даде велемајсторски погодок со кој го воодушеви Гврадиола, кој му симна капа, ама буквално.

Опасно ретро на денот

Чекај ова е Парма после прослава на трофеј или матурска забава од Континентал 80-та година? Прејака е фоткава, а на неа се Верон, Асприља, Сенсини, Креспо и Дино Баџо со опасна љиљак веѓа.

Најсмешната асистенција на Кантона до Бекам

На 28 април 1996-та година, значи пред точно 25 години и 1 ден, Манчестер Јунајтед го разнесе Нотингем Форест со 5:0. Еден гол постигна и младиот Дејвид Бекам и тоа со глава, не така соодветно за него. На смешна асистенција по шутот на Кантона.

Четири голмани месечари во мак фудбалот

Спортската среда ја одбележа полуфиналето од ЛШ меѓу ПСЖ и Манчестер Сити 1:2, а паралелно кај нас се играше коло во кое се броеа голмански грешки, вкупнo четири на три меча. Фатени во рацете беа голманите на Пелистер, Академија Пандев, Работнички и Шкендија.

Нов ремет за Тимо, овој пат од Жиру и Куртоа фатени на камера

После промашен зицер Тимо Вернер подобро нека не пушта нет, бидејќи тек тогаш ќе се депримира кога ќе види колку го зборат. Плус ова видео може да ја наруши атмосферата во Челси, бидејќи на него се мајтапат негов колега со бившиот голман на Челси.

Кралот кој 10 години не бил во финале на ЛШ, сега е близу тој натпревар

Манчестер Сити го сврте првиот полуфинален дуел со ПСЖ за само седум минути и од негатива 1:0 на крај славеше 1:2 па така стана фаворит за финале.

Сити е Барселона за 21 век

На Манчестер Сити синоќа не му влијаеше лошо првото полувреме кое го одиграа лошо и губеше 1:0. Напротив, кога излегоа во второ им писнаа на Парижаните и со одлична пас игра заслужено стигнаа до пресврт. 

“Повреден“ измамник на сезоната

Доста се жалите од Нејмар и гледајте како глумат во една друга Лига на шампиони, онаа во Конкакаф. Клуб Америка од Мексико има 0:1 против Портланд и се игра 88-ма минута. Погледнете го бескичмењаков како се обиде да задржува време.

Лажното додавање на Столе и атракцијата на Филип

Од мечот на Македонија против Финска, која се мачеше и 45 минути играше блед ракомет, се најде и нешто убаво за око. Тоа е решението на Стоилов кој ги измами домаќините и наместо на Лазаров, му ја даде на Кузмановски, а овој даде атрактивен и тежок гол во паѓање.

Спектакл во Париз, Сити после пресврт го совлада ПСЖ

Второто полуфинале на најбогатите светски клубови понуди супер атрактивен фудбал. Домаќинот прв поведе во првиот дел и имаше контрола над мечот, а Сити сосема случајно израмни и во 7 минути направи целосен пресврт.

Пеп: Синоќа спиев добро само кога не мислев на Нејмар и Мбапе

Манчестер Сити вечерва има многу тежок испит, а тоа е да брка финале во ЛШ против ланскиот финалист кој има многу заебано напаѓачко дуо. Пеп Гвардиола ги испофали, посебно Нејмар кого го сметал за Крал на Сантос кога го гледал на клипови.

Панчев: Одредени работи што сум ги направил, сè уште друг никој не ги направил

„Во овие 70 години ниту еден друг Македонец не бил кандидиран за најдобар играч во Европа. Е Дарко бил ставен во топ 100 играчи во Европа, па го ставиле во топ 10, па на крај завршил втор заедно со Савичевиќ. Епа сега нека заврши некој друг на тоа место“.

Пусти Мурињо, многу му е тешко од отказите

Ме отпуштија од Челси, Реал па пак од Челси, од Манчестер и на крај од Тотенхем. Ја стварно не знам како ќе се живее вака?

Таман се ратисавме од идејата за Суперлига, УЕФА донесе епски глупи реформи

Само 12 часа откако се објави веста за Суперлига поддржана од 12 богати клубови, УЕФА заседаваше и за да им угоди на тие разгалените, донесе чудни одлуки за во иднина.

Тевез уште дава голови на 37 години

Во 2. коло од новата сезона во Копа Либертадорес (Лига на шампиони за Јужна Америка), Бока Јуниорс со 2-0 го совлада бразилски Сантос. Карлитос Тевез, легендата на аргентинскиот фудбал и на 37 години решета голмани. Го отвори резултатот во 47' минута.