Фудбал

Гол број 101 за Пандев во Серија А

Џенова и Аталанта одиграа натпревар со голеада кој заврши 3:4. Домаќините се спасија минатото коло, а триумфот на Аталанта беше од клучно значење во битката за ЛШ. Горан Пандев влезе во игра на стартот на вториот дел и го намали резултатот од пенал во 67-ма минута.

Излезе официјалната химна за ЕП 2020

Се вика „We Are The People“, ја пее Боно Вокс, го има познатиот гитарист Дејвид Хјуел Еванс, а автор на песната е холандскиот Ди-Џеј Мартин Гарикс.  Инаку во спотот се појавува и поранешен ирски репрезентативец Џејсон МекАтир, кој го постигна клучниот гол против Холандија со кој Ирска отиде на СП 2002 година.

Поздрав од дечките на Чави

Ги гледаш и си викаш: Барса ли е, Ал Сад ли е?

Воланд мајсторе, како ти успеа ова?

Монако синоќа славеше 1:5 против четвртолигаш и обезбеди пласман во финалето на Купот на Франција. Кевин Воланд не беше меѓу стрелците. Имаше голем проблем со нишанот.

Бразилски фудбалер: „Не верувајте на медиумите дека Израел напаѓа, Хамас гранатира невини луѓе“

Млад бразилски фудбалер кој од Грција преку Литванија стигна до израелската лига, објави видео на кое покажува колку ужасно е разрушен неговиот дом во Петах Тиква од страна на ракетите кои ги испалил Хамас.

Дарко Панчев: „Друга песна ќе беше со Вардар, ако Македонија имаше претседател како Вучиќ“

Легендарниот фудбалер периодов е барана личност од новинарите од соседните земји кои се интересираат како дошло до тоа Вардар да испадне од прва лига.

Конте и Лаутаро се пцуеа, па се смирија на многу смешен начин

Што викаше Фабио Капело, во едно семејство има кавги и дискусии, а не па во еден фудбалски тим составен од 30-ина фудбалери и тренери. Интер освои титула, прослави скудето, ама се 'рчнаа Конте и Лаутаро Мартинез.

Варгас го понижи голманот со нога, па ја даде со глава

Се сеќавате на Едуардо Варгас од Наполи, кој потоа играше за Валенсија и Хофенхајм? Член е на Атлетико Минеиро и нема баш респект кон голманите. 

Зошто УЕФА на Истанбул му го одзема домаќинството на финале на Лига шампиони

После неколку месечна неодлучност, УЕФА конечно објави официјално каде ќе се одигра големото финале на Лига на шампиони за сезоната 2020/2021. Местото и локацијата се одлични, а ќе има и публика.

Халанд го уништи својот чувар еден на еден

Борусија Дортмунд го освои Купот на Германија, вкупно петти во својата историја и прв после сезоната 2016/2017, а во финале го совлада Лајпциг со 4:1. Ќе го издвоиме голот на Халанд за 2:0 во дуел со Дајо Упамекано кој и официјално на 1 јули преминува во Баерн за 42 милиони евра. Го понижи.

Навивајте за Македонија од срце

Уште 29 дена до Европско...

Емотивната реакција на Михајловиќ кога дозна дека ќе стане дедо

Синиша и Аријана имаат три ќерки и два сина. Епа Вирџинија е трудна, а од веста направи видео во кое ја има реакцијата на најблиските. „Што бе, се шегувате? Годинава? Ми доаѓа да плачам“, вели стратегот на Болоња.

Сè е тука регуларно, нема грешка

Каљари се бори за опстанок и Фиорентина се бори за опстанок. Се сеќавате на Шведска - Данска 2:2, така? А да е само таа. Абе се плашеле да шутнат кон гол. Победи стравот, вели еден наслов.

Шансата на Икарди во 93-та

Фудбалерите на ПСЖ дури на пенали успеаа да го совладаат Монпеље и да обезбедат пласман во финалето на Купот на Франција. Во 93-та минута на 2:2, беше драма и пол. Домаќините спасија чист гол на гол линија, откако голманот веќе беше совладан.

Пандев слави, Џенова обезбеди опстанок

Со головите на Ѕапакоста и Шомуродов, Џенова оствари гостинска победа против Болоња од 0:2, вредна злато. На 3 кола до крај можат слободно да се опуштат и да играат без притисок, бидејќи обезбедија математички опстанок во Серија А. Пандев играше 70 минути.

Ајакс го стопи шампионскиот пехар за да им го подели на навивачите

Шампионот на Холандија го претвори пехарот освоен во домашното првенство во 42.000 сребрени ѕвездички кои ги подели на сите навивачи кои поседуваат сезонска карта, а кои не можеа да присуствуваат на арената „Јохан Крохф“ поради пандемијата. Каков третман за навивачите. Секоја чест цареци. Господски потег.

Најјак судија на месецот што подели 7 црвени картони како локуми

Во последните 5 минути од мечот меѓу Ти Три Гали - Аделаиде Кроација Вукови во австралиска аматерска лига, главниот судија исклучил 7 играчи од гостинскиот тим.

Џиџи Буфон се прости со Јувентус, а најверојатно и со фудбалот

Легендарниот голман, можеби најдобар чувар на мрежата на сите времиња во историјата на фудбалот, по сè изгледа носи дефинитивен крај. За разлика од минатиот пат, сега речиси сигурно ќе се збогува со бубамарата.

Го победил туморот на коленото, работел како ѕидар, а ќе игра во Премиер лига

Нетипичен е фудбалскиот пат на францускиот фудбалер Флорен Индалесио. Денес слики на Инстаграм, гол со вреќи малтер на 34 степени, утре во дрес на Њукасл, ама не на градилиште, туку во базата на премиерлигашот. Упорен јунак, ама треба некој и да те препорача.

Стопер на Сити менува репрезентација само за да заигра на Европско

Командантот на одбраната на шампионот во Премиер лига, Емерик Лапорт одигра повеќе од 50 меча за младинските репрезентации на Франција, но во вторникот доби шпански пасош и наскоро ќе заигра за фуријата.

Кочо Димитровски: Во Вардар треба да работат домаќини луѓе, а не апаши и багабонти

Легендарниот фудбалер на Вардар е разочаран од ситуацијата во клубот со кој оствари апсолутен рекорд од 845 настапи. Многу чудни работи се случија, вели Димитровски.

Томори за голот со Јуве скокнал до рекордни 2.65 метри, ама не е Роналдо да го зборуваат

Стоперот на Милан кој е позајмен од Челси со право на откуп по крајот на сезоната, одигра фантастични неколку месеци и е меѓу позаслужните што росонерите го чуваат местото кое после долги години ќе ги однесе во Лига на шампиони. Фикајо Томори против Јувентус постави нов рекорд за одраз од земја при постигнат гол со глава.

Меси го нема направено ова во судиско продолжение

Крег Мекгафи од Гринок Мортон против Монтроуз, во полуфиналниот меч од плеј-офот за промоција во шкотскиот шампионат и тоа во последната минута од судиското продолжение. Мајсторлук за сите пари.

Чудниот испад на голманот на Леванте против Барселона

На можеби најважниот меч сезонава, Барселона уште во првиот дел на гостувањето кај Леванте водеше 0-2 и веќе со мисли беа во следниот меч против Селта на 16-ти мај. Ама домаќинот не мислеше така и до крајот од средбата израмни 3-3 со што практично ја исфрли Барса од борбата за титулата.