Што ли мислат Рио и Видиќ за циркуската одбрана на Хари Мегваер
Хари Мегваер е приказна за себе. Во август 2019-та година Манчестер Јунајтед за него плати 80 милиони фунти со што стана најскапо платениот стопер на сите времиња. Мегваер стана капитен на Јунајтед и репрезентативец на Англија, ама со тек на време стекна репутација на најбосиот дефанзивец во англискиот фудбал. Со право навивачите го сметаат за еден од најголемите кривци за бледите резултати на Манчестер.