
Утре вечер од 21:00 на „Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ како сакате, се игра мечот за трофејот од Суперкупот на Италија. Овој натпревар имаше тешка судбина зошто го одложуваа, го префрлаа, не можеа да му најдат место, дури ни земја за одигрувње, беше под закана од пандемијата пак да се одложи, но на крај ќе се игра.
Суперкуп на Италија е млад турнир. Утре вечер ќе се игра 34. издание во историјата. 23 натпревари се играле во Италија, а другите во странство. По 12-ти пат дуел за пехар во Суперкуп на Италија ќе се игра на „Џузепе Меаца“ каде не се играл од 2010.
Притоа Интер и Јувентус се сретнале само еднаш во историјата. Претходниот дуел на двата лути ривали не беше нешто претерано гледан. Тој натпревар за Суперкупот во 2005-та заврши нерешено во регуларниот дел, а во продолженијата во 96’ минута Хуан Себастијан Верон постигна гол во мрежата на Јувентус и Интер славеше победа.
Реми без голови после 90 минути беше парадоксален резултат зошто Јувентус и Интер постигнале најмногу голови од сите други екипи во мечот за Суперкупот: 28 гола на 16 натпревари имаат бјанконерите а 17 гола на 9 меча имаат нераѕурите.
„Старата дама“ е најтрофејна во Суперкупот со 9 пехари, Интер има 5. Јувентус е непоразен на 11 од последните 12 меча со Интер (7 победи, 4 нерешени). Последен пат нераѕурите го совладаа големиот ривал во Серија А во јануари 2021 со 2:0.
Верувале или не, Интер и Јувентус ќе играат дури 216. пат меѓу себе но само втор пат во Суперкупот и четврти пат воопшто во некаков финален дуел. Освен Суперкупот 2005, се сретнале само два пати во финале на Копа Италија (и во 1959 и во 1965 посилен бил Јуве).
Интер последен пат му се израдувал на овој пехар во 2010-та година. Тогаш во славната сезона на Триплета со Пандев и Мурињо, нераѕурите на својот „Џузепе Меац“ ја совладаа Рома. Гостите поведоа рано преку Јон-Арне Рисе, но Пандев израмни пред полувремето, а во вториот дел Самуел Ето постигна два гола за триумф од 3:1.
Следната 2011 на Националниот стадион во Пекинг голема победа прослави Милан. Ибрахимовиќ и Боатенг возвратија на голот на Весли Снајдер. Така заврши Derby della Madonnina во Азија. Од тогаш Интер нема играно во Суперкупот.
Тренерот на Интер Симоне Инзаги одлично знае каков е вкусот на триумф во Суперкупот зошто два пати со Лацио играше за пехарот и два пати победи и тоа против големиот Јувентус. Симоне Инзаги и Рафа Бенитез се единствени тренери кои никогаш не изгубиле во финале а играле повеќе од едно.
Интересно, во 2017-та година Лацио водеше 2:0 против Јувентус во Суперкупот до 85’ минута, а после му дозволија на Јуве да израмни со голови во 85’ и 90+1’. Тогаш сензационално пред крајот, во 90+3’ минута продолженијата победнички гол даде Алесандро Мурџиа на кого тоа му беше најблескав момент во кариерата зошто не заигра многу во Серија А и веќе никој не памети каде е. А во игра влезе во 80’ минута.
Во 2019-та Лацио одново го победи Јувентус, овојпат со 3:1. Бјанконерите беа близу ново израмнување во самиот финиш но бјанкочелестите во 90+4’ го нокаутираа ривалот со нов гол. Интересно што сите три гола за Јувентус во Супркупот против Инзаги ги даваше Пауло Дибала.
Занимливости:
- Самир Хандановиќ би можел да го забележи јубилејниот 150. меч за Интер
- Матео Дармијан 50. меч за Интер
- Иван Перишиќ го брка својот 50. гол за Интер (втор по број на голови од сите активни играчи во екипата - само Лаутаро Мартинез има 60)
- Симоне Инзаги би можел да стане прв тренер во историјата со дури три пехари од Суперкупот на Италија.
Двата тима се во незгодна состојба со кадровски неизвесности. Јуве ќе игра без Де Лихт, Кјеза и Квадрадо, а Интер