Фудбал

Хрватското волшебство во ЛШ

Опасно друштво на играчи е ова, препознаено од страна на УЕФА. Модриќ, Ракитиќ, Ковачиќ, Перишиќ, Манџукиќ, па се до Бобан, Шукер, Бокшиќ, Просинечки. Првите беа втори во свет, а вториве трети. Плус Лука Модриќ беше прогласен за најдобар играч според ФИФА и Златна топка.

Рекордерот по број на титули во Динамо Загреб се вика Аријан Адеми

Ги читате коментарите и сфаќате дека Македонија во вистински момент, го има вистинскиот борец и јунак во среден ред, кој вреди злато. За него велат: „Капитен за пример“, „Икона на Динамо“, „Загребачки Тоти“, „Мед и млеко“, „Подигнете му споменик“.

Неповторлива чилеанска паненка

Брајан Таива од втората чилеанска лига му демонстрираше на Франческо Тоти како се шутира паненка. Фантазија од удар.

Маестрален финиш на Секулов во стилот на Меси

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија кој е член на Јувентус У-23, на мечот против Сасуоло изведе велелепна мајсторија во манир на светски напаѓач.

Фудбалери ширум светот ги поддржаа угнетените Палестинци

Во судири кај Западниот Брег кои ескалираа претходниве денови, настрадале Палестинци и припадници на израелската армија. Во знак на солидарност со палестинскиот народ, некои фудбалски клубови организираа активности.

Се прослави во Реал, Челси и Баерн, заработи милиони, а на тренинг оди со велосипед

Откако пишавме дека ветеранот и легенда на холандскиот фудбал Арјен Робен првпат после 7 месеци почна меч од почеток за Гронинген, имаше 2 сјајни асистенции за гол и ја доби наградата за играч на мечот, излезе фотографија на која се гледа како некогашната ѕвезда на Челси, Реал Мадрид и Баерн Минхен си оди дома од мечот во Емен со точак.

Меси од Хартелпул го видовте ли?

Рис Оутс (26) е централен напаѓач во петтолигашот Хартелпул (клуб познат на редовните ветерани од кладилница). На дуелот против Мејденхед Јунајтед Оутс постигна гол за 1:1 во 29' минута после луд продор.

Украински циркуз пред гол

„Во Украина се чини правилата се сменија и фудбалот е глупаво натпреварување“, стои кај еден нивен Твитерџија после смејуријава што им се случи. Ама тој не видел кај нас на кое дереџе е фудбалот.

Тренерот на Брондби на сред меч им напиша порака на играчите

Нилс Фредериксен најде алтернативен, лесен и едноставен начин на кој искомуницира со играчите. Можеби ова е необично, ама успешно е. На 2:1 побара од неговите да продолжат со напаѓање и на крај тепаа 3:1.

Фото финиш во Шпанија, кој ќе ја освои титулата?

По ремито без голови во големото дерби меѓу Барселона и Атлетико Мадрид, Реал Мадрид и Севиља одиграа 2:2 со што и натаму сите четири екипи конкурираат за вредниот шампионски пехар.

Драмата во Италија за топ 4, каде Јуве има сериозни шанси да остане без ЛШ

После една таква апсолутна доминација, се очекуваше некој да им ја прекине серијата од 9 Скудета во низа, ама не да им биде загрозено и местото во ЛШ, особено со таков состав и Роналдо во тим.

Вие на овесни снегулки да не бевте викендов?

Мауаса Фету од Рен денеска на понеделнички тренинг за домашно ќе добие вежбање слободни удари, а за Бентакур не знаеме што да искоментираме. Од тоа што се гледа е дека и ја подаде на трибината.

Што им направи бе Кеси?

Ноншарлантниот изведен пенал на Кеси паѓа во вода затоа што Милан го тресна јако Јуве со 0:3, а Френк Кеси во еден момент со опасен потег им го зема паметот на Де Лихт и Рабио.

Жиру, овој брат по евроголови да не ти е?

Стразбур и Монпеље дадоа вкупно 5 гола и на крај победија гостите со 2:3. Во 49' минута Монпеље водеше 0:3 по чудесните ножички на Гаетан Лаборд.

Супер гол на Наташа Андонова за Леванте

Во малото дерби на шпанскиот фудбал, Еспањол и Леванте одиграа 1-1. Резултатот го отвори нашата Наташа Андонова која постигна супер гол и го прослави во стилот на Кристијано Роналдо.

Тежок срам во Ѓорче, со три топки дозволија да се игра

Мислевме дека со две ни е рекорд, ама една година после циркузот на векот во Ѓорче Петров, имаме уште еден нов циркуз на векот, овој пат со три топки. Шкендија во финишот дава гол за конечни 3:4 против Македонија Ѓорче Петров, а децата од страна фрлаа топки за да им ја спречат контрата на гостите. Македонската прва СЕЛСКА лига пуштена на најјако.

Мајсторски гол на Ребиќ, Јуве е во зона на Лига Европа

Феноменална победа на Милан во дербито на колото против Јувентус на гости од 0:3. Старата дама е на колена и дефинитивно е во криза која може да ја плати со неиграње во Лига на шампиони.

Химната на Македонија за ЕП 2020

Снименa е на еден куп локации низ Македонија со еден куп фаци, што познати, што рандом кои се пријавиле за да бидат дел химната која го одбележува историскиот момент на нашата фудбалска репрезентација. Убаво го спакувале. Се вика „Одиме на Европско првенство“.

Можеше нормално да се насмееш, али добро

Можеби ќе ја препознате по га... На Роналдно жена му де, Георгина.

Лестер 2016-та, незаборавно и неповторливо

Каква сезона беше тоа во Премиер лигата. Шамар за гигантите, парите, елитата. Па и за творците на Суперлигата. На денешен ден пред точно 5 години, цел град горд и срце полно. Преубава приказна.

Статистиката на ПСЖ со и без Нејмар

Бразилската ѕвезда во ПСЖ е далеку од тоа што е на пример еден Меси за Барселона, се согласувате нели? Пазете ги сега овие бројки. Ништо не се менува во однос на победи кога тој е во составот, напротив кога го нема во тим помалку губат. Можеби неочекувано, ама вистинито.

Кога голманот на Стеауа фатил 4 пенали во финале против Барселона за европска титула

Непишаното правило дека за да се биде голман треба посебна „дарба“, не само талент за фудбал, одлично се гледа и по примерот на еден легендарен романски голман кој влезе во легендата по необична пенал серија во финале на Куп на европски шампиони.

Господин Лига Европа - 5-ти пат ќе игра во финале

Унаи Емери треба да го добие трофејот во Лига Европа во траен посед. Како тренер играл во овој турнир седум пати, до полуфинале стигнал шест пати а пет пати во финале.

Добро е, пантерот на Вардар се исправи на нозе

Убави вести пристигнуваат од Негорски Бањи, каде во моментов се рехабилитира најголемата голманска легенда на Вардар, Драган Мутибариќ.