Сте слушнале ли за италијанскиот стратег Николо Наполи? Веројатно не, бидејќи ниту работи во Серија А или некоја друга популарна лига, ниту пак има некое јако портфолио.
Тренерската кариера му е главно поврзана со Романија или поточно со прволигашот Крајова кој го ангажираше по осми пат како тренер. Да, осми.
Само оваа сезона, Крајова ја прави петтата тренерска смена, откако претходно на клупа ги имале славниот Адријан Муту, потоа Флавиус Стоикан, Еуген Трика и привремениот Дан Василица. И последниот изненади со презимето а?
Наполи ја презема Крајова на 14-та позиција, со 19 освоени бода после 21 одиграно коло, а претходно ја водел: 2004, 2007-2009, 2011, 2013-2014, 2017, 2018-2019 и 2020.
Раководните луѓе на клубот го ангажираат Наполи веројатно со надеж дека можеби осмиот пат ќе биде оној правиот и покрај тоа што не им донел ниту трофеј.
Навивачите му приредија НЕ баш топол пречек на аеродром.
This is a brilliant story. Former Juventus defender Nicolo Napoli is in Craiova to become FCU's manager. For the 8th time! 8th! 8th!
— Emanuel Roşu (@Emishor) January 4, 2022
The club's ultras 'welcomed' him at the airport last night, saying they don't want him in charge.
8th time. Must be a world record. pic.twitter.com/fhV73pEzNb
Инаку се работи за поранешен фудбалер на Јувентс и освојувач на Куп на Италија и Куп на УЕФА во сезоната 1989/1990.