Шпанија еднаш со Македонија пушти фудбалер за тој да нема право да игра за Мароко

Барселона не го пушта својот талентиран играч на Куп на Африка (9 јануари - 6 февруари 2022), селекторот Халилхоџиќ револтиран. Ист случај имаше и во минатото.

Абде Езалзули е еден од младите играчи кои го одбележаа почетокот на новата Барселона. 20-годишниот крилен фудбалер влезе од клупа за резерви на првиот меч на новиот тренер Чави, а после на дури пет натпревари по ред беше стартер и дури постигна гол.

Чави сериозно смета на Абде, но во јануари овој млад талентиран фудбалер требаше да оди на Купот на Африка, пандан на Европско првенство.

Езалзули е роден во Мароко, а на 7-годишна возраст со родителите се преселил во Шпанија. Во Барселона дошол летото 2021 од клубот Еркулес.

Сега овој нов хит играч од шпанска Ла Лига добил повик за настап за репрезентацијата на Мароко, земја од каде се неговите родители. Абде сè уште нема ниеден натпревар за африканската селекција, а селекторот на Мароканците, ветеранот Вахид Халилхоџиќ има големи планови со Абде.

„Разговарав со него два пати, не може да го дочека дебито. Многу е горд што сме го викнале во репрезентација. Ќе разговараме со управата на Барселона, клубот не може да му забрани да игра ако тој е достапен. Сакаме да постигнеме пријателски договор, заедно да најдеме решение, згодно за сите“, рекол Халилхоџиќ пред неколку дена.

Но тој „предлог за пријателски договор“ не бил доволен за Барса да го пушти Абде Езалзули на Куп на Африка.

Екипата ја чекаат натпревари од Копа дел Реј, од Суперкупот на Шпанија со Реал Мадрид, меч против Рајо Ваљекано и Атлетико Мадрид во Ла Лига. Можеби најважен дел од сезоната.

Ако може да им се верува на инсајдери на шпанските медиуми, самиот Езалзули сакал да игра на Куп на Африка, веќе разговарал со соиграчите од репрезентацијата на Мароко и прашувал како одат подготовките за стартот на турнирот кој е најважен и највреден во Африка.

На 30 декември изданијата Marca и Mundo Deportivo пишаа дека Абде се премислил и напишал отворено писмо до мароканската фудбалска репрезентација во кое одбил да патува на Куп на Африка. Го сменил и описот на профилот на Инстаграм: „Репрезентативец на Мароко“ го сменил со лаконско знаме на Мароко.

„Мислам дека проблемот е во Барселона. Клубот просто не го уважува Купот на Африка. Како и повеќето европски клубови, како и ФИФА“, жално реагирал селекторот на Мароко Вахид Халилхоџиќ.

Виновен на крајот испаднал менаџерот на играчот кој убедливо го убедил Абде дека сега е поважно да остане во Барселона и да го зацврсти местото во прв тим. И дека е можно во иднина да заигра за Шпанија зошто веќе има документи од европската држава.

Но тренерот Чави не може во моментов да смета на Абде ниту на Дембеле и Гави кои се позитивни на коронавирус. Во првиот тим на Барселона за тренинг останале само девет здрави фудбалери од кои двајца се голмани.

МАРOКО ЕДНАШ ВЕЌЕ НАСТРАДА ОД БАРСЕЛОНА. СЕ СЕЌАВАТЕ НА МУНИР?

Во 2020-та година на 70. конгрес ФИФА одобри олеснувања во процедурата за смена на репрезентацијата. Најактивно од сите идејата ја поддржа Кралската фудбалска федерација на Мароко (FRMF) која неколку години пати по Мунир Ел Хадади, уште еден бисер од школата на Барселона.

Ел Хадади е роден во Шпанија во семејство на татко Мароканец и мајка Шпанка. Во септември 2014-та го викнаа во репрезентацијата на Шпанија после три меча сениорски фудбал со Барса. Дел Боске го пуштил на 13 минути и тоа против Македонија во квалификациите за Светско првенство 2016.

Новинарот Алфредо Дуро подоцна кажал дека Мунир намерно го пуштиле да заигра за Шпанија со цел истата зима во 2015-та да не оди на Куп на Африка со Мароко.

„Во Барселона знаеа дека Мунир ќе добие повик од репрезентацијата на Мароко. Имаа документ во кој пишуваше дека селекторот на Мароко смета на играчот за КАН 2015“, рекол Дуро еднаш.

Во 2017-та Мунир побарал од ФИФА да му дозволи да игра за Мароко на Светско 2018. Но го одбиле. После една година Спортскиот арбитражен суд ја одбил жалбата но ФИФА треба повторно да го разгледува делото. Дел Боске дури и му се извинил на Мунир во една прилика.

Ништо чудно да се повтори приказната и со јунакот од почетокот на приказнава, Абде Езалзули.

31 декември 2021 - 11:37