Убавината на Мундијалите е што се играат на четири години, па затоа навивачите со нетрпение го очекуваат секое следно Светско првенство. Обидите на ФИФА да го направи на две години не наидоа на добар одјек во јавноста, но светската куќа на фудбалот не се откажува од намерата дополнително да го претовари фудбалскиот календар. Еве зошто го уживаме секое Светско на кое се надеваме дека годинава ќе игра и нашата Македонија.