Резултатот 2:2 синоќа им одговараше и на Франција и на Португалија, како и на Германија која паралелно играше со Унгарија. Во судиското продолжение Кристијано во еден момент почна да им покажува на Французите како да задржуваат време. Врати ја назад, му вели на Бензема и овој го послуша.
Не за џабе постои тој израз “група на смртта“, кога три има селекции која од која појаки, а па четвртата само им го зголеми стресот и ги стави во сериозни проблеми да се тресат дали ќе поминат.
На мечот Словачка - Шпанија, камерманот на аут линија беше одлично спремен во пратењето на играта, а врвот беше кога им ја врати. Играчот со број 2 беше запрепастен од потегот и реакцијата на крај кога го гледа му е закон.
Португалија и Франција играат супер интересно и неизвесно дерби во третото коло на ЕП, а по 1 час игра е 2:2. Антоан Гризман во еден момент од напаѓач се претворви во врвен стопер.
Тука Пандев е средношколец, но веќе роден победник и стрелец во финалето на Купот на Македонија за кадети. На гостувањето во Чаир, Беласица славела против Слога Југомагнат со 3:5, а во студио се викнати петмина првотимци. 20 и кусур години подоцна ова дете ја однесе Македонија на Европско и беше испратен со овации на Јохан Кројф арената.
И пред Европско и за време на Европско и после Европско, капитенот не може глава да крене од интервјуа. Цела Европа го бара, па почнаа и на нашки да му зборат странските новинари.
Македонската фудбалска репрезентација се прибра од Европското првенство со чартер лет од Амстердам. Аплаузи и скандирања за капитенот на кој му се поклони Наумче Мојсовски.
„Тоа што ние го сонувавме, вие го остваривме“, стои во ова ремек дело изработено од Мартин Пресилски, кој на моќен и емотивен начин ни ја претстави преубавата реалност која ја доживеавме, а која некогаш личеше на недостижен сон. Ова се пушта на видео бим.
Ги критикуваа дека бил киксер, но Столе Димитриевски беше една од нашите најсветли точки на Европското, прогласен за најдобар голман во второто коло, како и прв и за сега единствен со одбранет пенал. Погледнете го сега во една друга улога. Пасов до Елмас е лудило.
Овациите и шпалирот во чест на Пандев се емотивен момент за секој фудбалер и фудбалски фанатик. Ѕвездата на Португалија и Манчестер Јунајтед го сподели посебниот момент на Твитер.
Уругвај и Чиле одиграа 1:1 во Копа Америка, натпревар на кој Луис Суарез покажа дека тешко се менуваат старите навики. Два саати зема да ги врзува врвките за да го спречи голманот да ја изведе.
Последниот танц за Македонија на ЕП 2020 како остварен сон од детството, освен легендата го имаа уште двајца напаѓачи, Иван Тричковски и Крсте Велковски. Им благодариме за придонесот.
Три меча, три гола, седум бода за Аргентина во Копа Америка. По оние 1:1 против Чиле, момците на Скалони прво го совладаа Уругвај, а потоа и Парагвај со ист резултат од 1:0. Мечот го реши Папу Гомез по една извонредна асистенција на Анхел Ди Марија. Цела одбрана ја измами со пасот.
Газета дело Спорт, Скај Спорт, Гол, Марка, Фор Фор Ту, Еуроспорт, Дејли Мејл...Речиси и да нема познат весник или портал за фудбал кој не ја величи кариерата на најголемиот на сите времиња во Македонија.
Те ставаат селектор и што правиш првиот ден? Се качуваш во авион и одиш за Џенова да го вратиш Горан Пандев во репрезентација, одговори популарниот Мрме во едно неодамнешно интервју. Клучен потег што се израдувавме на исполнетиот тридецениски сон.
Дојде крајот на фудбалската ера за еден од нашите најголеми амбасадори, кој оди во пензија со остварен сон. Заигра со Македонија на Европско првенство. „Срцето ми е полно, повеќе од ова не можам“, изјави капитенот кој следниот месец полни 38.
Македонската фудбалска репрезентација ги завршува настапите на Европското првенство, за жал со висок пораз кој не го заслужи. Крај на репрезентативната кариера за Горан Пандев кој доби дрес од домаќините. Ти благодариме легендо.