Како изгледа Клоповска прослава на убедлива победа

Ливерпул игра неверојатно и со 6-0 го демолираше Лидс Јунајтед. До пред само неколку недели многумина ја затворија трката за титулата зошто Сити им бегаше доста на црвените кои сега се вратија на само -3 бода. Клоп знаеше тоа да го прослави со легендарниот Коп, а подоцна ја прокоментира необичната прослава.

„Не сум сигурен дека би го повторил истото ако почекав уште 10 секунди, но во таа секунда ме понесе моментот и ме повлекоа страстите. Навистина уживав како цел стадион реагираше на натпреварот со Лидс. 

Многу сум среќен, ова не се случува многу често, да постигнете шест гола на еден меч. Одвреме-навреме можеби ќе се случи и навистина вреди да се одбележи вечер со ваков резултат“, искрено изјави Јирген Клоп чиј тим викендов игра во финалето на англискиот Лига Куп Карабао против Челси, а Сити во Премиер лига гостува кај Евертон.

Ливерпул и Сити конечно после многу долго време имаат ист број на одиграни средби, по 26.

24 февруари 2022 - 16:18