Фудбалерите на Атлетико Мадрид имаа водство 73 минути и две пречки, наспротив големиот посед од 63% на Манчестер Јунајтед кој беше јалов, но колку толку вроди со плод при крајот од мечот.
Џокерот Ентони Еланга, роден 2002-ра година влезе во 75 минута на местото на Рашфорд и на првиот настап во ЛШ му донесе убав резултат на својот тим пред реваншот на Олд Трафорд. За него прв, за Манчестер јубилеен гол број 500 во ЛШ.
Атлетико Мадрид - Манчестер Јунајтед 1:1
1:0, Жоао Феликс - 7 минута
1:1, Ентони Еланга - 80 минута
Пречките на Атлетико во 45-та и 87-ма минута
500 - Anthony Elanga's goal was @ManUtd’s 500th in the European Cup/UEFA Champions League, a tally bettered by only Real Madrid (1001), Bayern München (760) and Barcelona (624). Giants. pic.twitter.com/emyJNl2isf
— OptaJoe (@OptaJoe) February 23, 2022
Бенфика - Ајакс 2:2
На вториот меч во Португалија, Ајакс на два пати имаше водство кое сепак не успеа да го сочува. Резултатот го отвори Тадиќ со убав погодок, а потоа Халер даде два гола за 4 минути, ама по еден на двете страни. И на овој меч ремито стигна во вториот дел.
0:1, Душан Тадиќ - 18 минута
1:1, Себастијан Халер (автогол) - 25 минута
1:2, Себастијан Халер - 29 минута
2:2, Роман Јаремчук - 72 минута