Акција на Барселона како во старите добри времиња

Нерешените 1:1 на Камп Ноу беа надеж за Елмас и другарите дека можат против оваа Барселона во Лига Европа. Ама момците на Чави блеснаа во Неапол и со убедлив резултат уште на полувреме од 1:3 и конечни 2:4, покажаа дека има материјал во нив.

Барселона во последно време почнува да заличува на тим, каков што го посакуваат нивните навивачи и ако се изземат домашните Купови, во 2022-ра се без пораз.

Месецов прикажуваат одлична форма и голема ефикасност и тоа против силни екипи. Го добија дома Атлетико со 4:2, Валенсија на гости 1:4, па Наполи 2:4.

Имаме два гола за издвојување од синоќешното гостување на стадионот Диего Марадона. Акцијата за четвртиот погодок како од учебниците, трпеливо градена преку 23 додавања.

И мајсторијата на Де Јонг на која голманот беше само гледач.

Пред стартот имаа порака

25 февруари 2022 - 08:50