Стручњакот на Челси кој изучил 16.380 аути за 60 часа и со кого тимот растура од прекини

Челси рутински се справи со Лил и славеше 2:0 на првиот меч пред реваншот во Лига на шампиони. Победата ја најави во 8’ минута Кај Хаверц кој влета после еден корнер на Зијеш и со глава го отвори резултатот. Opta пресметала дека ова е веќе четврти гол по корнер на Челси во Лига на шампиони. Никој повеќе не дал од нив.

Ако внимателно сте ја следеле клупата на Челси за време на натпреварите, можно е да сте забележиле дека некогаш место Тухел, крај аут линијата доаѓа помошникот Ентони Бари. Успешните прекини се негова заслуга.

„Многу сме силни во прекини зошто Ентони и неговата екипа аналитичари работат сјајна работа“, изјавил Тухел за Chelsea TV во ноември.

НЕВЕРОЈАТНИ БРОЈКИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА БАРИ

35-годишниот Ентони Бари дошол во летото 2020-та во Челси кога Френк Лампард го довел од Виган. The Times извадил неверојатна статистика како екипата се сменила при новиот помошен тренер:

Сезонава Челси е уште појак: 10 гола во Премиер лига после прекини. Само Ливерпул со 14 и Сити со 12 гола од прекин имаат подобар учинок во оваа категорија.

Бари едно време успешно го имплементирал ова и во репрезентацијата на Република Ирска (во 2021-ва): од 20 гола, дури 5 дале после прекин.

Ентони Бари немал среќа во играчката кариера. Завршил со активното играње на 30 години поради проблеми со коленото. До 18 години Бари тренирал во академијата на Евертон (во генерација со Вејн Руни), но никогаш не го сметале за топ талент. Тренерите сметале дека му фали брзина. Затоа сите го забележале неговиот професионализам: Ентони поминувал цела пред-сезона во академијата, учел и за школо и за тактиката во фудбалот, го интересирала историја и право.

Можеби сличноста на кариерите (и Тухел рано заврши со фудбал поради чести повреди па на време дипломирал и го интересирала тактика), го натерала Томас одблизу да го запознае Ентони и да го задржи во стручниот штаб.

„Ние не го знаевме Ентони порано, тој веќе работеше во клубот кога дојде мојот штаб. Но од прв момент стана важен дел на нашиот стручен штаб. Он умее да ги анализира натпреварите и не се плаши да каже свое мислење. Многу му е комфорно на теренот, одговорен е за вежбите, а добро се сноаѓа и со тактички вежби.

Голманот Мартин Бетинели додава за него: „Ентони е многу внимава на деталите: ги изучува слабите места на противникот и врз нивна основа спрема тренинзи. Секогаш знаеме како да напаѓаме и да се браниме при прекини“.

За својот дипломски труд Бери изучил дури 16.380 аути! Цели 60 часа од сезоната 2018/2019 во Премиер лига.

БАРИ ГО ВИКАЛЕ ДА БИДЕ ГЛАВЕН ТРЕНЕР АМА НЕ САКАЛ ДА СИ ОДИ ОД КАЈ ТУХЕЛ

Во декември 2021-ва Бари добил понуди да стане прв тренер на неколку клубови меѓу кои Абердин, Транмере Роверс, Кардиф Сити. Според The Athletic, токму Тухел го убедил да остане во Челси и уште да не почнува самостојна тренерска работа. Бари е воодушевен од професионализмот и човечките квалитети на Тухел, па затоа во јануари не прифатил да му се придружи на Лампард во Евертон.

Бари во февруари потпишал договор и за работа за репрезентацијата на Белгија. Според договорот, тој ќе работи во клубот а за време на репрезентативните паузи ќе оди со селекцијата на „црвени ѓаволи“.

Очигледно Ентони Бари е дискретен херој од сенка кој никој не го знае и не го гледа секој ден, а врши огромна работа.

23 февруари 2022 - 09:55