Фудбал

Зарем немаше ли фаул над Пандев при првиот гол?

Ни главниот судија, ни помошниците, па ниту во ВАР собата не го видоа очигледниот прекршок на Блинд врз Горан Пандев на средина од првиот дел по кој падна првиот гол на средбата. Срамота.

Дрес за легендата од домаќинот Холандија

Ако на некој случајно уште не му е јасно колку е голем Горан Пандев, нека го погледне гестот на Холанѓаните на стартот на дуелот против Македонија. За време на ракувањето на капитените, Вајналдум му подари дрес на Пандев од Холандија со број 122, колку што има настапи за репрезентација. Аплаузи.

Емоциите на Рики за повлекувањето на Пандев

Нивното пријателство има историја. Со години се заедно во репрезентација, беа во ист период и во италијанско, а си одеа и по гости. Рики го сака Горан како брат и сосема разбирлива е неговата тага што повеќе нема да играат заедно.

Израмнувањето на Пандев против Холандија со коментар на Калински за делириум на Градски

Македонија има четири соочувања против големиот ривал со кој вечерва го завршуваме деби настапот на ЕП. Скорот ни е две нерешени и два порази, а Горан Пандев е стрелец на два гола. Во Скопје оние 2:2 беа спектакл.

Кога на арапски коментатор ќе му влезе згодна Русинка во кадар

На Европското до сега се појавија многу убави дами меѓу кои и наши, а врвот се случи на мечот Финска - Русија на кој коментаторот излезе од спортски и влезе во музички води.

Пандев на темата Кока Кола и Струмка

Сè почна од моментот кога Роналдо ја тргна Кока Колата на прес и се напи вода, па тоа стана хит на Европското. Кај нас се појави Твит на кој падна мајтап дека додека Кристијано ги бута акциите на Кока Кола, Горан ги крева оние на Струмка. Капитенот се пошегува на темата пред стартот на синоќешниот прес.

Пандев и Ангеловски ќе се простат од репрезентацијата против Холандија

Дојде и тој ден. Горан Пандев и официјално ќе го одигра последниот танц за македонската фудбалска репрезентација, а најверојатно ќе ја заврши и кариерата. Договорот на Мрме истекува после Европското.

Не се плаши колешке, на светскиот првак му дадоа гол

На Пушкаш арената одново беше празник за унгарските навивачи кои го наполнија до крај цел капацитет од 60.000 седишта. Во финишот од првиот дел домаќините беа во делириум откако успеаа да поведат против големиот фаворит Франција кој израмни во второ на 1:1. Стрелецот на голот Фиола ја исплаши новинаркава од што беше во транс.

Парадерскиот потег на Роналдо против Ругигер

Португалија и Германија го одиграа до сега најефикасниот меч на ЕП на кој паднаа 6 гола. Германците го декласираа европскиот првак со 4:2, а атракцијата број 1 на средбата ја направи Кристијано Роналдо.

Столе е број 1 голман на Европското

Остајте ги на страна малку Ноер, Облак, Куртоа, Тер Штеген, Донарума и компанија и напревете место наш Столе да помине.

Шкотски навивач во Лондон, класика

Европското завршува на 11 јули, ама нема да има појак дуел еден на еден од овој. 100 посто.

Супермен се врати дома

Џиџи Буфон направи потег кој веројатно никој не го очекуваше, а се надеваа само навивачите на Парма. Се враќа таму каде што почна во 1995-та, кај Млекарите. “Вечниот“ ќе брани во Серија Б на 43 години. Погледнете ја оваа специјална најава за неговиот кам бек во клубот со кој ги освои првите три трофеи во кариерата.

Една фотографија, две легенди

Едниот има освоено Лига на шампиони со Милан, другиот со Интер. Андриј славните денови ги помина со 127 гола во Серија А, а Горан со 101 и уште игра. Сега првиот во улога на селектор, а вториот капитен. Тоа се тие две славни напаѓачки имиња од италијанскиот фудбал. Шевченко го тешеше Пандев на крајот.

Во Австралија падна автогол кој не може да се објасни

Не го гледајте повеќе пати, бидејќи нема да ви помогне да сфатите зошто го направи ова.

Одбраната на Столе од пенал и шансата на Адеми

Македонија одигра многу содржински натпревар, неспоредлив со оној првиот, па затоа репрезентативците беа дополнително разочарани што не успеаа да стигнат барем до бод. Притисок пред голот на Украина, поништен гол на Пандев, јака акција на капитенот со Адеми...

Мајсторскиот лоб на Пандев

Колку само јако ќе беше да не пресудат оние милиметри во офсајд замката на Украинците во 39-та минута и со 2:1 да одиме на пауза. Капитен во свој стил го матираше чуварот на голот на Украинците, но линискиот судија нè смрза кога го подигна знаменцето.

Главата горе момци

Македонската фудбалска репрезентација го загуби и вториот меч на ЕП 2020, но овој пат со многу подобра и похрабра игра. Голема штета. Шевченко се препоти во второ полувреме.

Каков Кристијано бе, дај Кока Колата ваму

Вчера виде ли Кристијано што направи? Ги тргна двете флаши Кока Кола на страна и извади вода. Многу ми е гајле, чекај уште една голта, одговори селекторот на Русија, Станислав Черчесов. И тоа една од друга ја отвори, каков цар.

Тренингот на Македонија е хит број 1 на Европското

Твитерот на УЕФА, Копа 90, Скај, 443 и уште еден куп светски познати портали го објавија необичниот тренинг на Македонија во пресрет на дуелот против Украина. Навивачите се воодушевени во коментарите и велат дека на овој начин се ослободуваат играчите од притисок.

Докторот кој со спаси Ериксен зборува за голготата и првите негови зборови

„Тоа беше многу потресен момент. Во вакви медицински итни случаи во секојдневниот живот, шансата за успех е многу помала“.

Наудреност на колото

Артем Ѕјуба кој минатата година се снимаше како си го .... на една водителка, влета во дуел со еден од финските репрезентативци и го разнесе и тоа намерно. Неколку секунди подоцна: Не бе судија, рамо со рамо беше. Не доби ни жолт.

Топ атмосфера во пресрет на Украина

Македонските фудбалери беа насмеани и расположени на последниот тренинг пред судирот со Украина, кој може да биде клучен за пласман во втората фаза на ЕП. Тимскиот дух го билдаа со нивната препознатлива игра.