Петнаесет годишниот син на некогашната ѕвезда на Интер и бразилската репрезентација, Адријан Карваљо игра за бразилскиот клуб Серано во третата бразилска лига. Постигнал хет-трик со три ефектни гола и потсетил на татко му кој неславно ја заврши кариерата и му се потчини на алкохолот и бурниот ноќен живот.
Речиси сигурно во последно време често слушате фрази од типот: „Многу фудбали секој ден бре, што е ова“? ФИФА и УЕФА со својата халапливост и алчност за профит го пренатрупаа календарот до таа мера што овој спорт полека но сигурно (ќе) ја губи дражта.
Во бразилската втора лига Серија Б, Васко да Гама на гости со 2-3 во луд меч го победил Наутико. Првиот гол на мечот беше многу луд. Фигуредо распалува од слободен удар од 30-ина метри, топката во еден момент не се гледа дали влегла во гол зошто се одбива и излегува. Од повторена снимка се гледа што се случило.
Германија и Англија изиграа интересен дуел од 2. коло од Лига Нации. Домаќините поведоа со 1-0 преку Јонас Хофман, а израмни Хари Кејн во 88’ минута од пенал. Конечни 1-1. Во еден момент Киран Трипие додека изведуваше корнер, стотици предмети долетаа од трибините каде обично стојат навивачите на Баерн Минхен.
Хрватскиот селектор Златко Далиќ изјави дека Лига Нации е бесмислено натпреварување и дека би го укинал да може уште утре. Со тоа им се придружи на многу други селектори и фудбалери на кои веќе им е прекипено од фудбали а сред лето сакаат само одмор. Но Далиќ доби и еден нов адут.
Никола Станчу е еден од оние вечни фудбалски таленти кои каде и да игра ќе дава голови. Да го однесеш од Чаушица па до Реал Мадрид, ќе игра добар фудбал. Романскиот репрезентативец е уште и маестрален изведувач на слободни удари. Има сјајна техника на шут. Во тоа се уверија и Кинезите. Игра за Вухан Три Таунс кој денес со 6-0 го победи некогашниот шампион Гвангжу. Станчу постигна два гола од слободен удар.
Во рамките на 2. коло од Лига Нации, Хрватска и Франција, финалистите од Светско првенство 2018, на сплитски „Пољуд“ одиграа 1-1. Пред натпреварот двата селектори, Златко Далиќ и Дидие Дешам си изразиле сочувство еден на друг.
Милан е шампион. Интер е втор. Во Лига на шампиони одат уште и Наполи и Јувентус. Лацио и Рома ќе играат во Лига Европа, а Фиорентина во Лига Конференции. Од А испаднаа Каљари, Џенова и Венеција, а од Б дојдоа Лече, Кремонезе и Монца.
Во пријателски меч во рамки од подготовките за Светско првенство, Јужна Кореја со 2-0 го совлада Чиле. После дебаклот 1-5 од Бразил, Корејците наидоа на послаб ривал и славеа со головите на Хванг Хи-чан и најдобриот фудбалер во историјата на оваа земја Сон од Тотенхем. Токму Сон тргна да раздвои двајца Чилеанци кои ќе се степаа за малку на сред терен.
Хрватска и Франција одиграа 1:1 во 2. коло од Лига на нации, а мечот го одбележа еден прекрасен гест на навивачите, кој може да служи за пример како треба да се третираат легендите и да се крева националната свет.
Едниот си замина од што мораше или затоа што се торковци што не го задржаа до крај на кариера, а другиот кој диригираше на терен, сега диригира од клупа. Каталонците на Твитер денеска се решија за објава со двете легенди, овој пат во различни улоги. Уметност.
6 јуни, 2001. Турција - Македонија 3:3. Други времиња, структури, селектор, стручен штаб, соиграчи. Сè се менуваше, само струмичката легенда остана и по две децениски мега тешки битки, успеа да си го исполни сонот, свој и на цела Македонија.
Дечкото вели дека работел како луд на него и го завршил после 50 часа. Првиот кадар со четката може изгледа језив за секој мадридиста, ама кога ќе го види крајот, во истиот момент ќе сака да го нарача. 20 долари кошта ова ремек дело.
Освен Аргентина, пријателска средба синоќа имаше и селекцијата на Уругвај против САД, ама го одигра најдосадниот резултат 0:0. Единсон Кавани изгледа веќе е со мислите на Малдиви.
Во последниот натпревар за пласман на европска селекција на Светско првенство 2022, Велс на домашен терен во финалето на баражот ја совлада Украина со 1:0. Единствениот гол беше автогол на најдобриот украински фудбалер Андреј Јармоленко по слободен удар на Герет Бејл.
Италијанскиот селектор Роберто Манчини сфати дека нешто мора да менува по дебаклите од Македонија и Аргентина, дека аѕурите одат во надолна линија, па се реши да повика еден дебитант за кој ретко кој слушнал.
Во баражот за прва лига, пред неколку дена Еибар на гости ја совлада Жирона 0-1 со можеби најубавиот гол на сезоната во шпанскиот фудбал. И сè беше спремно малиот симпатичен баскиски клуб да се врати во елитен ранг, ама Жирона направи целосен пресврт во реваншот и со ремонтада 0-2 оди во Ла Лига!
Паралелно со натпреварите од Лига на нации, синоќа се одиграа и неколку пријателски. Лео Меси билдаше лична статистика и испишуваше историја против аутсајдерот Естонија.
Македонската фудбалска репрезентација очекувано го совлада тоталниот аутсајдер Гибралтар со 0:2 (0:1) и по ремито со Бугарија сега има 4 бода. Мечот ќе се памети по бравурите на Барди и Николов кои беа стрелци на головите, но и по потегот на Џани Алиоски кој прекина една убава акција на Македонија поради тоа што противнички играч лежеше на тревникот.
На едно интересно и несекојдневно игралиште, „Викторија Стадион“ на Гибралтар кој има капацитет од 5.000 гледачи, но денес не беше полн, Македонија како апсолутен фаворит освои важни бодови.
Големиот Џорџоне, една од најголемите клупски легенди на гигантот Јувентус се прости од својот сакан клуб и оди да доигра уште некој месец во Лос Анџелес за богат договор. Кјелини стави крај на активната кариера во репрезентацијата со која освои Европско првенство лани. Во интервју за БиБиСи, Џорџо се расплака.
Македонската фудбалска репрезентација води на Гибралтар 0-1 со гол на капитенот Енис Барди кој после соло акција постигна убав гол за водство кај тоталниот аутсајдер во групата.
На средбата меѓу Ирак У-23 и Австралија У-23 од Купот на Азија за фудбалери до 23 години во Узбекистан која заврши 1-1, „кенгурите“ поведоа во 45+2' минута со неверојатен гол на Алу Куол кој направи скорпион потег. Куол игра за германски Штутгарт а неговите се од Судан.