Извлечена ждрепка за Лига Конференции, Вест Хем и Виљареал во групи по мерка

По сјајните групи кои ги донесоа ждрепките за Лига на шампиони во четвртокот вечер и Лига Европа денес, попладнево се влечеше ждрепка и за третото по ранг наптреварување во УЕФА кое има супер интересни екипи.

Легендата на Ливерпул Владимир Шмицер и поранешниот капитен на Турција и Фенербахче, Волкан Демирел учествуваа во извлекувањето на групите за Лига на Конференции.

Единствениот македонски фудбалер во овој турнир, повремениот репрезентативец Марјан Радески со својот Пјуник од Ерменија ќе игра со Базел, Слован Братислава и Жалгирис.

Група А: ИСТАНБУЛ БАШАКШЕХИР, ФИОРЕНТИНА, ХАРТС, РИГА
Група Б: ВЕСТ ХЕМ, СТЕАУА БУКУРЕШТ, АНДЕРЛЕХТ, СИЛКЕБОРГ
Група Ц: ВИЉАРЕАЛ, ХАПОЕЛ БЕР ШЕВА, АВСТРИЈА ВИЕНА, ЛЕХ ПОЗНАЊ
Група Д: ПАРТИЗАН, КЕЛН, НИЦА, СЛОВАЧКО
Група Е: АЗ АЛКМАР, АПОЛОН, ВАДУЦ, ДНИПРО, 
Група Ф: ГЕНТ, МОЛДЕ, ШАМРОК РОВЕРС, ДЈУРГАРДЕН.
Група Г: СЛАВИЈА ПРАГА, ЦФР КЛУЖ, СИВАСПОР, БАЛКАНИ.
Група Х: БАЗЕЛ, СЛОВАН БРАТИСЛАВА, ЖАЛГИРИС, ПЈУНИК

Групната фаза во Конференциска лига започнува на 8 септември, а ќе заврши на 3 ноември.

Во текот на церемонијата за извлекување на групите во Лига на Конференции, прогласени беа и најдобрите играчи во овој турнир за минатата сезона. Титулата во првото издание на Лига Конференции ја освои Рома со Жозе Мурињо кој стана првиот тренер со трофеи од сите три натпреварувања (Лига на шампиони, Лига Европа и Лига Конференции).

За најдобар играч од минатата сезона наградата ја доби Лоренци Пелегрини од Рома а најдобар млад играч беше прогласен Луис Синистера од Феенорд кој блескаше на патот до финалето.

26 август 2022 - 14:42