Спектакл меѓу Барселона и Манчестер Сити од хуманитарен карактер, Халанд со драмска изведба ко Нејмар

Барселона и Манчестер Сити одиграа пријателски натпревар од хуманитарен карактер а средствата собрани од оваа средба која што ја гледале 91.062 гледачи, ќе оди во фондови за помош на лица заболени од АЛС.

Поранешниот голман и тренер на Барселона Хуан Карлос Унзие го организирал овој меч заедно со Пеп Гвардиола и луѓето од Барса, затоа што и самиот боледува од оваа тешка болест и сега се обидува на секој начин да му помогне на центарот за истражување да добие што повеќе средства за да може да ја продолжи својата работа во борбата против оваа болест за која нема лек.

На „Камп Ноу“ имало 91.062 гледачи.

На крајот мечот меѓу гигантите заврши 3:3. Стрелци за Барса беа Обамејанг во 29’ минута, Де Јонг во 67’ и Депај во 79’. За Манчестер Сити погаѓаа Алварез во 21’, Палмер во 70’ и Ријад Марез во 90+8’ минута.

Норвешкиот центарфор Ерлинг Халанд изглуми пенал кој го реализираше Марез. Шпицот падна без никаков контакт и го измами судијата Санчез кој покажа на белата точка:

Сите голови и хајлајтс од мечот:

25 август 2022 - 09:20