А ние сме мислеле ваква реакција има само позади зграда
Романија има сериозна лига, со супер инфраструктура, модерни стадиони, пристојна посета и симпатични клубови. Ама во романскиот фудбал често има и комични моменти кои ретко каде ги има. Како на пример ова што се случи на мечот меѓу Арџес и Миовени каде голман Јустин Попеску ладно го погоди стоперот Скарлатаче и си даде автогол. Имаа среќа што судијата го поништил поради тоа што топката во моментот на изведување - тапкала.