Фудбал

Томори ли е ова или Малдини?

Фудбалерите на Милан продолжуваат успешно да го бркаат Наполи на врвот и со 6 победи и едно реми се на -2 од челната позиција. Внимавајте добро на клизачот на 23 годишниот Фикајо Томори, кој го земаа од Челси и му дадоа договор до 2025-та. Матео Песина од Аталанта не знаеше што му се случува.

Мајсторскиот соло продор на Салах од сите можни агли

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа дерби по мерка со 4 гола и нерешен резултат. Сите зборуваат за голот на Мохамед Салах, кој не се гледа еднаш. Ливерпул на својот Јутјуб канал со право направи една ваква монтажа. Извонредно.

Интересна споредба на Јирген Клоп за вакцината

Околу 25% фудбалери и тренери во англиската Премиер лига веќе го прележале вирусот, некои  се вакцинирале, а некои играчи не сакале. Интересен поглед на темата има менаџерот на Ливерпул.

Го видовте ли голот на колото во Серија А?

Тотално луд меч одиграа Сампдорија и Удинезе во 7. коло од Серија А. Паднаа шест гола (3:3) а Андтонио Кандрева некогашниот фудбалер на Лацио и Интер постигна абнормален погодок од далечина.

Незаборавен 40-ти роденден на Златан со Нада Топчагиќ како специјална гостинка

Возеа 600 километри од Рим само за да му ја донесат омилената риба, а роденденот го отворија се знае со која песна. 

Вртелешката на Бернандо Силва со која го измеша пола Ливерпул

Ливерпул и Манчестер Сити одиграа спектакуларно дерби на „Енфилд Роуд“ кое заврши 2:2. Дриблинзите на мечот ги имаше Португалецот од Сити кој ги шина противничките чувари.

Мурињо шоу за победничката серија на Наполи

Жозе Мурињо во свој стил ја коментираше перфектната работа на Спалети кој има 7 од 7 во Серија А и го пецкаше дека следната на гости треба да ја загуби. По мечот дома со Торино, Наполи гостува токму против Рома кај Мурињо.

Одбраната на сезоната во Бундеслига е против Левандовски

Ајнтрахт Франкфурт го победи Баерн Минхен на гости по пауза од 21 година, а Баварците се соочуваат со пораз на домашен терен после после 30 натпревари и скоро две години. Ова што му го фати Кевин Трап на најмоќниот голгетер во Европа е за медал.

Гол и автогол во Германија кои 100 години нема да се повторат

Хит, чудо, бизарно, неверојатно, комично, пациенти...Фрчат на големо наслови за двата гола на второлигашниот натпревар меѓу Ауе и Хамбург кој заврши 1:1. Домаќините поведоа на многу, ама на ептен многу среќен начин, а на израмнувањето во 94-та минута мислиш пола играчи ќе се онесвестат. Погледнете ги овие реакции.

Во 2022-ра ќе се игра ПЕС или ФИФА?

Светот беше и остана поделен за едно од најважните фудбалски прашања во животот. Што прави поголем ќеиф, ПЕС или ФИФА? Првиве доцнат со графиката, колку? Едно 10-15 години?

Нереална сцена од италијанско, 1999-та

Каљари и Венеција ова коло се сретнаа во Серија А за прв пат по 22 години и одиграа 1:1. Јак клип се врти на Твитер од таа нивна средба, одиграна на 26 септември 1999-та. Тицијано Де Падре vs Фабио Билика. Измислено за меме.

Во Англија одложени фудбалски натпревари поради кризата со бензин и возачи на цистерни

Во ХVIII век во Велика Британија во недела строго биле забранети јавни настани на кои се наплаќаат влезници па фудбалот стриктно се играл во сабота.  Два клуба се дрзнале да одиграат во недела па го смениле календарот. Сега нешто друго ги спречува.

Кога ќе те праша јас сум ти поважна или фудбалот

Братот се соочува со поголема проблематика од решавање задачи за атомска и нуклеарна физика.

Голманот на Ајнтрахт погоден со петарда

За време на средбата Антверпен - Ајнтрахт Франкфурт, во 46’ минута една петарда долетала на терен од трибина зад гол каде седеле белгиските навивачи. Паднала пред голманот на гостите од Германија Кевин Трап кој се сруши на земја по силниот звук.

Џиџи држи лекции во Парма и во играта „Лист, камен, ножички“

Има 43 години, брани од 95-та и уште е желен за фудбал и забава и тоа во Серија Б. Ги редеше соиграчите на Парма еден по еден и ги дробеше во легендарната детска игра, а на победите се радуваше како за гол. Роден шампион и шоумен. Вака се држи соблекувална и се билда атмосфера.

УЕФА пушти деца на трибини, а децата во Прага го исвиркуваа Камара

Чудни сцени во Чешка, на стадионот „Џенерали Арена“ во Прага илјадници деца му дадоа нова епизода на случајот „Камара-Кудела“.

Три проектили од Лига Европа и Конференциска лига кои заслужуваат внимание

Покрај атрактивниот волеј на фудбалер на Мура во Лондон, издвојуваме уште три голчишта кои се издвоија синоќа во богатата фудбалска ноќ полна со натпревари.

Спалети тргна да се поздрави со тренерот на Спартак Москва, ама не знаеше кој е

Елиф Елмас синоќа го постигна првиот гол сезонава за Наполи, а Лучано Спалети го имаше првиот пораз како нивен тренер. Ама да го прашаш од кој му е, ќе ти каже само Спартак Москва, бидејќи тренерот не им го знае. Се работи за Руи Виториа од Португалија, кој можел да го изгугла за да не се брука.

Бомбастичен волеј на играч на Мура против Тотенхем

Симпатичниот словенечки клуб Мура има прв излет во Лига на Конференции. Играа против Тотенхем на гости пред повеќе од 25.000 гледачи и изгубија 5-1. Хари Кејн даде хет-трик, ама десниот бек на гостите од Словенија, Жига Коус распали волејчиште кое ќе го памти додека е жив.

Елиф Елмас постави рекорд, гол за Наполи во 11-та секунда

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас блесна на стартот од мечот Наполи - Спартак Москва и откако искористи грешка на гостинската одбрана, даде гол уште во 11-та секунда.

Јунакот кој го закопа Реал во финишот, ја посрамоти и Македонија во 92-ра минута

Себастијан Тил е хит и прв играч од Луксембург кој дал во Лига на шампиони, а погодете против кој го дал деби голот за репрезентација? Квалификации за ЕП со Бошко Ѓуровски, последни на табела, се сеќавате?

Австриски хулигани нападнале навивачи на холандски ПСВ Ајндховен

Како што обично е редот, пред секое коло во Лига Европа или Лига на шампиони, ширум континетот мора да има некоја хулиганска трзавица. На неколку часа пред мечот Штурм Грац - ПСВ Ајндховен во Австрија, тамошните хулигани нападнале гостински навивачи во еден паб кој го демолирале.

Како Кристијано го исмевале во соблекувална кога со шарен џемпер го потпишал првиот договор

„Тоа беше проклето немилосрдна соблекувална! Да се преживее таму требаше многу живци и сила. Ама мислам дека тоа го обликуваше како играч“. Го мајтапеле за секоја ситница, најмногу за фризот и тесните фармерки.