Фудбал

Ги видовме најдобрите голови, ама кои се најсмешни на сезона 2022/2023?

Има такви епизоди во фудбалот кога сите присутни на стадионот и сите крај тв екрани се држат за глава во неверица и се прашуваат „што направи бе мајсторе“? Еве неколку такви епизоди од штотуку завршената сезона 2022/2023.

Како изгледало финале на Куп на шампиони во 1957-ма?

На денешен ден пред точно 65 години Реал Мадрид го освојува пехарот во Куп на европски шампиони (КЕШ) денес познат како Лига на шампиони. „Кралскиот клуб“ во големото финале ја совладал Фиорентина со 2-0 на домашен терен на „Сантијаго Бернабеу“. Реал ја одбранил титулата освоена претходната година и станал прв клуб кој освоил на свој стадион.

Берлускони дремна на трибини додека Монца бркаше пласман во Серија А

Стариот лаф, веќе изморен од стотици решавачки натпревари како претседател на Милан, сега ужива во малото симпатично клубче Монца кое за првпат во 110-годишна историја успее да влезе во Серија А и тоа најмногу благодарение на Силвио Берлускони и Адриано Галијани кои го водат клубот.

Застрашувачки гол на Евро У-17

Во полуфиналето на Европско првенство У-17 Холандија и Србија одиграа 2-2 па на пенали поуспешни беа Холанѓаните и во финале ќе играат против Франција У-17 која исто ремизираше 2-2 против Португалија У-17 па во пенал серија се снајде подобро. На овој меч 17-годишниот Дарио Есуго од средниот ред на Спортинг Лисабон постигна страшен гол за 1:2.

Пеколни сцени за фудбалски судија во Босна

Трешњевка и Младост Горни Живници во Тузлански кантон во Босна и Херцеговина играле за опстанок во лигата па тензијата била голема. Гостите во еден момент водат 0:2 па домаќините идиотски бесот го искалуваат врз судиите. Главниот судија бега да спаси жива глава а во исто време присутната полиција си набљудува нормално без да мрдне со прст.

Давиде Анчелоти - јунакот на Реал Мадрид од сенка, води тренинзи, знае 5 јазици и учи од татко му

Карло и Давиде Анчелоти ги рушат стереотипите дека татко и син не можат заедно да работат зошто секогаш ќе имаат различни ставови и погледи на светот околу себе како постар и помлад.

Монца на Берлускони влегува во Серија А првпат во 110 години историја!

Монца е град во сама близина на Милано, со околу 122.800 жители. Некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони и неговата доживотна десна рака, Адријано Галијани пред неколку години го презедоа фудбалскиот клуб од овој град. После пар сезони успеаа да го внесат малиот клуб во елитната Серија А и тоа после голема драма.

Цел плоштад во Мадрид му прати порака на Мбапе на прославата на титула

Реал Мадрид доминантно владее со Европа. По титулата во шпанска Примера каде направија дар-мар, „кралевите“ го кренаа и највредниот трофеј на континентот. Во финале на ЛШ во Париз со 1-0 го совладаа Ливерпул и стигнаа до 14. евро титула. Тоа беше причина за големо традиционално славје на централниот градски плоштад Сибелес во Мадрид.

Легендарниот Нотингем Форест се врати во Премиер лига после 23 години

Англиската Премиер лига го дозна и третиот нов член кој доаѓа од Чемпионшип. После Фулам и Борнмут, сега и Нотингем Форест се пласираше во елитата откако во финалето на плејофот го совлада Хадерсфилд 1:0 со автогол на стоперот Леви Колуила.

Колекција од неверојатните одбрани на Куртоа

Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа беше прогласен за играч на мечот на финалето Реал Мадрид - Ливерпул. „Кралскиот тим“ поголем дел од натпреварот беше на своја половина, во подредена положба се бранеше одлично, а Тибо беше јунак со неколку феноменални одбрани.

Како изгледаше големото славје на шампионот Реал Мадрид

Реал Мадрид во Париз го совлада Ливерпул со 1:0 и ја освои 14. титула во Лига на шампиони, петта за повеќето фудбалери од актуелниот состав.

Кралот одново на тронот, Реал Мадрид е шампион на Европа!

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија 14. титула, петта во последните осум години во Лига на шампиони откако вечерва во Париз на „Стад де Франс“ го победија Ливерпул со 1:0.

Елмас одмора од наполитанскиот џагор во селска идила

По напорната сезона со 46 настапи за Наполи на три фронта, Елиф се релаксира и ги полни батериите пред репрезентативните настапи на чист планински воздух. Се прошета низ зеленилото, ја посети чешмата, израдува еден куп деца, а потоа си седна излетнички на мезе.

Какво било првото европско финале меѓу Ливерпул и Реал одиграно во Париз?

Во Париз во сабота вечер од 21 се игра најголемиот натпревар во европскиот клупски фудбал - финале на Лига на шампиони. Ќе се судрат титаните Реал Мадрид и Ливерпул кои на фантастичен начин ги урнаа сите препреки во нокаут фазата.

Како Мурињо ја обнови Рома и ја направи кадарна за европски трофеј?

Многумина сметаа дека на Португалецот му заврши најдоброто време и ретко кој веруваше дека сезонава ќе испише историја. Но тој ги обедини и клубот и базата на навивачи, за прв пат од неговото време во Интер.

Сте гледале ли пливање во слободен стил, краул, ама на фудбалски стадион?

Силен дожд го одложи фудбалскиот натпревар во Бразил меѓу Спорт Ресифе и КРБ. Нема проблем, тогаш ќе им понудиме друг спорт на гледачите. И онака жештини фатија. Три, два, еден, сад.

Една подзаборавена петица во финале на ЛШ

Порто има два трофеи во ЛШ, вториот со Мурињо во 2004-та, а првиот на денешен ден пред точно 35 години под водство на хрватскиот стратег Томислав Ивиќ. Го добија Баерн Минхен во Виена со 2:1 и тоа со екстра брз пресврт, дело на Алжирецот Раба Маџер 79` и Бразилецот Жуари 81`. Ваквите голови во финале како петицата на Маџер се реткост. 

Хајдук освои пехар после цели 9 години, Сплит гореше од прослави

Фудбалерите на Хајдук го освоија хрватскиот Куп за сезонава 2021/2022 а со тоа и првиот трофеј после речиси една деценија. На својот „Пољуд“ кој беше исполнет до последно место, Сплиќаните губеа 0-1 од ривалот Ријека но направија целосен пресврт и славеа победа од 3-1.

Најубавите голови на сезоната собрани на едно место

Во Европа се спушти завесата во речиси сите првенства. Се прославија титули, купови, се плачеа испаѓања, борби за опстанок и слично. Налетавме на видео на кое некој цар ги собрал, направил компилција од најубавите голови на сезоната 2021/2022. Уживајте!

Џовани го имитира татко му Диего Симеоне, ама оригинал

Џовани Симеоне од Верона се ожени на 26 години и кога се дотера во стилот на татко му, мислиш него го гледаш. Му ги кине потезите кои ги прави на клупа. Оригинал.

Кој кого тепа тука после Сасуоло - Милан и зошто?

Сè некој тепа некого деновиве на фудбал и тоа грото од инцидентите се на сам терен. Сега најново налетавме на снимка од Сасуоло после освојувањето на Скудетото на Милан. Ако можете дешифрирајте кој, кого и зошто дели шамари? Во еден момент навивач на Милан удира друг навивач на Милан. Чуму?

Вратен златниот медал на тренерот на Милан, крадците паднале на Инстаграм

Италијанската полиција експресно му го врати златниот медал на тренерот на Милан Стефано Пиоли за освоеното скудето, а кој му беше украден во големата инвазија на терен од навивачите на росонерите.

Да ти намигне еднаш чичо, никој не гледа

Кога само неколку минути ја делеа Рома од прв европски трофеј од формирањето на клубот, Тами Абрахам го искористи еден од најпознатите начини на задржување време, а тоа е симулирањето на повреда. Ама тоа го направи неумешно и се издаде бетер од Бускетс. Реакцијата на коментаторот е хит.

Скандалозен однос на Манчини за време на прославата на Рома

По последниот судиски свиреж на финалето во Тирана, веројатно ја забележавте чудната реакција на Џанлука Манчини кој од необјасниви причини се изнервира и го удри Брајан Кристанте. Се појави второ видео на кое е уште повеќе насилен и тоа повторно со свој соиграч.