
Чурлинов веќе потпишал договор и бил претставен пред навивачите на необичен начин. Тој би можел да дебитира уште во сабота од 16 часот на гостувањето кај Виган. Ќе учи од Венсан Компани, еден од најдобрите белгиски фудбалери кој долго време беше капитен на шампионскиот Манчестер Сити кај Пеп Гвардиола.
Дваесет и две годишниот македонски репрезентативец потпиша 5-годишен договор, Барнли на Штутгарт му плаќа 3,5 милиони евра и уште 1,5 милиони евра во бонуси за одреден број настапи, голови и асистенции.
Не е соопштена висината на платата која Чурлинов ќе ја заработува во одличниот англиски клуб.
Are you afraid of the Darko? 👻 pic.twitter.com/QtPB1t7qcb
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) August 19, 2022
— Burnley FC (@BurnleyOfficial) August 19, 2022