Голот на Левандовски во 45-та секунда

После повеќемесечно тегнење оди-не оди, на Роберт Левандовски летово конечно му се оствари желбата, по фантастичните партии во Баерн Минхен, да се проба и во Барселона. Полјакот во неделата го постигна и првенецот за каталонскиот клуб. На гости го демолираа Реал Сосиедад со 1-4, а Лева погоди во 45’ секунда.

До крајот од мечот, Левандосвки даде уште еден гол во 68’ минута. Две минути претходно Усман Дембеле зголеми на 1-2, а Ансу Фати покрај две асистенции, даде и гол за конечни 1-4 во 79’ минута. Барса изгледа се пронаоѓа полека себеси и ја пали машината.

Хајлајтс и сите голови од мечот Реал Сосиедад - Барселона: 

 

22 август 2022 - 09:44