Енис Барди дебитираше за Трабзон во вторникот во Копенхаген во првиот меч од плејофот за Лига на шампиони кога изгубија од данскиот првак 2:1.
Во турската Суперлига Барди блесна со два гола но неговата екипа изгуби убедливо со 2:5.
„Ова е мој прв натпревар во Суперлига и многу сум среќен за настапот, секако и што тргнав со погодоци, но поважно беше да победиме. Не успеавме да триумфираме. Ова не беше резултат што го очекувавме ниту што го заслуживме“, изјави Барди после мечот.
Трабзонспор во среда од 21 часот ќе игра во реваншот против Копенхаген кога ќе мора да надомести гол негатива за да влезе во групната фаза од Лига на шампиони.
Барди два пати израмнуваше со погодоците во 45+5' и 73' минута, но Анталијаспор во период од 81' до 90+8' минута постигна дури три гола и убедливо го совлада актуелниот турски шампион.