Килијан Мбапе немаше баш пријатен пречек на церемонијата за доделувањето на Златната топка во Париз. Мета е на големи критики од навивачите поради муабетите дека сака да си оди и плус го обвинуваат дека тој е виновник за лошата атмсофера во ПСЖ. На Зидан пак кој го доби признанието на Франс фудбал во годината кога Мбапе е роден, му го скандираа името.
По Рајмонд Копа, Жан Пјер Папен, Мишел Платини и Зинедин Зидан, Карим Бензема стана петтиот Французин во историјата кој успеа да стане најдобриот фудбалер во светот според Франс фудбал.
Кога Реал Мадрид ќе добие голем натпревар, Лука оди да им честита на сите. Ама буквално на сите. Од тренер, играчи, масери, стручен штаб. Сите ги испоштува после Ел Класико. Потег со кој се одржува и тимскиот дух.
Биднаа 20 години од нашето најславно реми против една од најславните генерации на Англија. 16 октомври 2002 - 16 октомври 2022. Англија - Македонија 2:2. Овој пат одиме со малку поопширен материјал покрај корнерот на Шаќири.
Во Франција се одигра дербито ПСЖ - Марсеј кое го добија домаќините со 1:0 со голот на Нејмар. А во Рен, домашниот состав го пречека Лион и победи 3:2. Овој меч остана во сенка на епизодата со главната судијка, Стефани Фрапар, првата жена судијка во историјата на францускиот и воопшто европски машки фудбал.
Леонард Жута е наш човек, роден во Шведска. Врза 15 настапи за Македонија во периодот 2015-2016. Играше за Ријека со Рики, со Бобан Николов во Лече, а сега е член на Волеренга од Норвешка. Што е со човеков, да не е фатен во кичмата?
Море какви пријатни спомени, трауми се тоа. Tуку фино ги раскажува, до стадиум да ја насмее публиката. Се изнапромашувал на Сан Сиро кутриот. Од страв.
Е во ова лежи убавината на стариот добар англиски фудбал. Задржан е уште во втората лига Чемпионшип и во подолните дивизии. Дербито Хал Сити - Бирмингем Сити доцнеше неколку минути затоа што судиите забележале дека едниот гол е два инчи, односно пет сантиметри повисок од другиот.
Во големото дерби меѓу Бешикташ и Трабзонспор, екипите поделија по бод (2:2). Гостите на два пати водеа, а Бешикташ се враќаше. Во еден момент нашиот репрезентативен капитен Енис Барди кој во Лига Европа постигна прекрасен гол од слободен удар, промаши чист зицер.
Реал Мадрид самоуверено со 3-1 ја совлада Барселона во првото Ел класико на сезоната. „Кралевите“ воспоставија контрола уште од сам старт и во прво полувреме го најавија победникот. Се појави статистички податок дека Чави бил најслабиот тренер на Барса по првите 50 меча.
Германскиот стратег постави одлична тактика во дуелот против страшниот Манчестер Сити и со голот на Салах црвените освоија три драгоцени бода. Во 85’ минута Јирген Клоп му се изнаурла на главниот судија Ентони Тејлор зошто не им досудил очигледен фаул. Овој без размислување го олади.
Спектаклот Ливерпул - Манчестер Сити траеше цели 100 минути. Во дербито на 10. коло црвените на својот „Енфилд Роуд“ со 1-0 го победија големиот ривал и му го нанесоа првиот пораз на гости во лигата од првото коло од минатата година и прв пораз сезонава уште од јули. Алисон асистент од свој петерец, Салах реализатор.
Во Гвардиола има доста материјал за една квалитетна комична компилација од разно разни спонтани ситуации. Последната е од првиот пораз вчера од Ливерпул.
Реал Мадрид го доби мечот на сезоната во Шпанија и со триумфот над каталонците од 3:1 изби на челната позиција. Сега има +3 пред Барса и е единствена екипа без пораз после 9 кола. Роберт Левандовски имаше колосална шанса, каква што обично не промашува.
Виљареал има 4/4 во Лига Конференции и со 12 бода е апсолутен лидер во групата. „Жолтата подморница“ синоќа со 0-1 ја победи Австрија Виена на гости. Победничкиот гол падна во 87’ минута. Стрелец 21-годишниот Сенегалец Никола Џексон. Асистент 35-годишниот ветеран Хозе Луис Моралес. Петица како Гути за Бензема на времето.
Фудбалот носи бескрајно необични епизоди. На мечот меѓу Манчестер Јунајтед и Омонија на „Олд Трафорд“ во рамки од 4. коло на Лига Европа, големиот фаворит едвај победи со гол дури во длабоко судиско продолжение, во 90+3’ минута. Главен јунак на мечот е голманот на кипарскиот тим, Френсис Узохо.
Рома успеа да остане непоразена на тешкото гостување кај Бетис кој ги совлада минатата недела во Рим 1-2. Шпанскиот состав поведе со 1-0 преку Серхио Каналес а одговори Андреа Белоти. Интересно за голот на Италијанецот, судијата тргна да гледа ВАР снимка, а Жозе Мурињо предвреме на таблет го виде голот па тргна да слави.
Трабзонспор го декласираше француски Монако со 4-0 во 4. коло од Лига Европа. Турскиот состав со овој триумф се приближи до пласман во следната рунда, а еден од стрелците на гол беше и нашиот Енис Барди кој постигна фантастичен погодок. Голот на Барди е номиниран за најубав на колото во цела Лига Европа.
Трабзонспор го декласираше Монако со 4:0 во 4. коло од Лига Европа, натпревар на кој македонскиот репрезентативец, Енис Барди блесна од својата омилена позиција. Знаете кој друг има направено ваква мангупарија така? Роналдињо, Меси и Тони Мицевски. Толку се.
На денешен ден, во 1993-та година македонската фудбалска репрезентација го одигра првиот официјален фудбалски натпревар по осамостојувањето. Во Крањ убедливо ја победивме Словенија со 1-4.
Шахтјор Доњецк во Варшава го пречека Реал и украинскиот тим водеше 1-0 буквално до последните секунди од мечот кога гостинскиот стопер Антонио Рудигер постигна гол со глава но притоа тешко се повреди во дуел со домашниот голман. Веднаш го однеле на шиење во соблекувална каде добил 20 конци, а поддршка му давале Тони Крос и Алаба.