Голманската асистенција на Алисон и бравурата на Салах за лудница на Енфилд

Спектаклот Ливерпул - Манчестер Сити траеше цели 100 минути. Во дербито на 10. коло црвените на својот „Енфилд Роуд“ со 1-0 го победија големиот ривал и му го нанесоа првиот пораз на гости во лигата од првото коло од минатата година и прв пораз сезонава уште од јули. Алисон асистент од свој петерец, Салах реализатор.

Ливерпул стигна до триумф првпат после три кола и во моментов има 13 бода на 8. позиција на табела. Сити е втор со 23 бода, четири помалку од лидерот Арсенал. Следно коло тимот на Пеп Гвардиола игра против Брајтон. Ливерпул ќе гостува кај Вест Хем.

Клоп грмеше, па главниот судија го олади

17 октомври 2022 - 09:58