Барди промаши чист зицер со Бешикташ, па се тегнеше со противнички играч

Во големото дерби меѓу Бешикташ и Трабзонспор, екипите поделија по бод (2:2). Гостите на два пати водеа, а Бешикташ се враќаше. Во еден момент нашиот репрезентативен капитен Енис Барди кој во Лига Европа постигна прекрасен гол од слободен удар, промаши чист зицер.

Барди влезе во игра од клупата за резерви во 56’ минута и по некое време на терен влезе во идеална шанса од негова позиција, но не реализираше:

Енис подоцна по еден жесток дуел со францускиот десен бек, Валентин Розие, влезе во клинч со него и се фатија за врат па само брза реакција на соиграчите спречи ескалација. Од трибините летеа предмети по гостинските фудбалери:

17 октомври 2022 - 10:32