Најдобриот стрелец во историјата на АЕК Ларната, како и носител на Златната копачка на Кипар и оваа сезона не престанува да ги меле противниците пред гол.
Во 7. коло од кипарското првенство АЕК Ларнака славеше против Олимпијакос Никозија со 4:2, а македонскиот напаѓач беше двоен стрелец.
Популарниот Тричко стрелаше во 44-та и 95-та минута за вкупно четврта победа на АЕК, трета по ред i за пласман на четвртата позиција со само 4 бода помалку од лидерот Пафос.
Македонскиот голгетер погоди против Арис, потоа против Фенербахче во Лига Европа и со овие два комада врзува 4 гола за осум дена.
Во кипарскиот шампионат каде минатата сезона заврши како прв стрелец со 20 голови, моментално на конто има 4 погодоци.
Тој е капитен на АЕК Ларната, како и најдобар клупски стрелец со 102 погодоци, а ова му е осма сезона.