Кралот Карим ја дочека Златната топка

По Рајмонд Копа, Жан Пјер Папен, Мишел Платини и Зинедин Зидан, Карим Бензема стана петтиот Французин во историјата кој успеа да стане најдобриот фудбалер во светот според Франс фудбал.

Бензема се дупна од давање голови и откако Роналдо си замина од Бернабеу, му се отвори простор и постигна 136 погодоци. 

Сезоната 2021/2022 му е импресивна и совршена со 50 гола и 16 асистенции на 56 натпревари. Освои 3 трофеи: Ла Лига, Лига на шампиони и Супер Куп.

Бензема е еден од најзаслужните за титулата број 14 на Реал во ЛШ, а сезоната во елитното натпреварување ја заврши како прв стрелец со 15 голови. Во нокаут фазата со хет-трикови ги елиминираше ПСЖ и Челси.

На церемонијата во Париз, наградата му ја врачи славниот Зинедин Зидан кој му беше тренер во Реал и кој беше на пиадесталот пред 24 години.

На второто место во изборот на Франс фудбал се најде Садио Мане, а трет е Кевин де Брујне.

Меси или Роналдо за првпат по 16 години не се во Топ 3.

Наградата за најдобар играч до 21 година позната како „Рајмон Копа“ ја доби Гави од Барселона, а му ја доделија Роналдо Бразилецот и неговиот колега Педри кој ја освои лани.

18 годишниот Гави кој настапува и за Шпанија, ги победи Џуд Белингем, Џамал ​​Мусијала и Букајо Сака.

За најдобар голман беше избран Тибо Куртоа кој блесна во финалето на ЛШ со 9 интервенции.

Левандовски кој минатата сезона постигна најмногу голови е избран за најдобар напаѓач.

А Сане кој е познат по својата хуманитарна работа во Сенегал, ја доби инаугуративната награда „Сократес“, која се доделува за придонес во општеството.

18 октомври 2022 - 08:14