Во директен дуел меѓу нашиот сегашен и нашиот некогашен репрезентативец Езџан Алиоски и Иван Тричковски, вториов го израмни резултатот на мечот АЕК Ларнака - Фенербахче, а првиот на крајот се радуваше на победата.
Езџан Алиоски е стандарден во турскиот гигант, од легендарниот тренер Жорже Жезус добива голема слобода по левата страна каде игра офанзивно.
Таквиот начин на игра му овозоможи на левиот бек на македонската репрезентација да учествува во првиот погодок на мечот, кога му асистираше на Жоао Педро, италијански репрезентативец со бразилско потекло. Фенер поведе во 16’ минута.
Иван Тричковски во вториот дел го врати АЕК во игра со гол од пенал во 52’ минута.
До крајот од мечот имаше голема борба на теренот, а Фенербахче ја оправда фаворитската улога и со голот на Миши Батшуаји од пенал ја однесе победата 1-2.
Интересно Фенер до крајот од мечот доби шанса и за поубедлив триумф од 1-3 но Енер Валенсија промаши пенал.
Во Турција синоќа, Трабзонспор со 4-0 го декласираше француски Монако. Енис Барди постигна фантастичен погодок од слободен удар и ги зголеми шансите на својот тим за пласман во следна рунда. Мајсторијата на Барди е номинирана за најубав гол на колото во Лига Европа.
A, B, C or D ❓ Who gets your vote for #UEL Goal of the Week? ⚽️🔥@Heineken | #UELGOTW
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) October 13, 2022