49-та минута од мечот изгледа како Роналдо да сака да му продаде маалска финта на голманот и да украде гол, но видеово покажува дека голот е чист.
Во четвртата секунда од клипот се слуша судиска свирка по која играчот со број 5 Фабијан Шер му ја подава на Поуп Ник, односно ја изведува.
Голманот дреме, а Кристијано тоа го користи и му ја краде. И наместо голот да му биде признаен, судијата му го поништува и му дава жолт картон поради бурна реакција.
„Немам коментар, сите видоа што се случи. Како што ви кажав, ја споделив ситуација со судиите“, изјави по мечот стратегот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг.
На оваа снимка на 0:41, се гледа како судијата го става свирчето во уста, по што Попу изведува.
По 10 кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед е петти со 16 бода. Прв и натаму е Арсенал кој има 27 бода и скор од 9 победи и 1 пораз.