Што беше најинтересно на Ел Класико меѓу Реал и Барса?

Реал Мадрид самоуверено со 3-1 ја совлада Барселона во првото Ел класико на сезоната. „Кралевите“ воспоставија контрола уште од сам старт и во прво полувреме го најавија победникот. Се појави статистички податок дека Чави бил најслабиот тренер на Барса по првите 50 меча.

РЕАЛ МАДРИД НЕМА ПОРАЗ, А БАРСА ГО ДОЖИВЕА ПРВИОТ

Лидерот на табелата Реал и го нанесе првиот пораз на Барселона сезонава во Ла Лига. Најава за тоа стигна уште во 13’ минута кога Тони Крос со прекрасен пас при паѓање го пронајде Винисиус кој излезе еден на еден со Тер Штеген, но Германецот оодбрани, а одбиената топка стигна до Бензема кој лесно го отвори резултатот.

Реал во тој момент се повлече па Каталонците превземаа иницијатива. Барселона проба да израмни но освен големото промашување на Левандовски од сама гол линија, ништо друго не го загрози голманот на Реал Лунин.

Чекаа домашните прилики за контри и таква им се укажа во 35’ минута кога Винисиус и Чуамени комбинираа до Менди кој асистираше до Феде Валверде за 2:0 во 35’ минута:

Уругваецот е најомилен лик меѓу навивачите на Реал:

Во вториот дел Барселона тргна да напаѓа уште поотворено, а тоа им донесе плод во 83’ минута кога Феран Торес намали на 2:1 и внесе интрига во финишот.

Но за повеќе Каталонците немаа сили.

Родриго на другата страна беше фаулиран од Ерик Гарсија за пенал кој самиот Бразилец го изведе за конечни 3:1. 

Тренерот на Барселона Чави го доживеа вториот пораз во три Ел класико дербија како главен тренер на Каталонците. Во јануари годинава тој изгуби во Суперкупот на Шпанија а во март на „Сантијаго Бернабеу“ со 0:4 му го нанесе можеби најтешкиот пораз на Реал во историјата на дерби дуелите со Барса. 

Чави има 28 победи на првите 50 меча како тренер на Барселона и се појави статистички податок дека тој е втор со најслаби резултати после Франк Рајкард на стартот. Чави има 56% победи откако е седнат на клупата на Барса. Послаби дури и од Лоренцо Сера Ферер во 2001-ва иако не делува така и Барса е втора на табела во Ла Лига.

Карим Бензема кој во понеделник треба да ја добие наградата „Златна топка“ за најдобар играч на светот за минатата сезона, ва беше прв гол уште од август. Французинот во моментов го дели осмото место најдобри стрелци против Барселона со легендарниот Уго Сантиљана. Карим ја прекина и серијата на Тер Штеген кој немаше примено гол во Ла Лига цели 636 минути!

Друг fun fact: Откако е дојден во Реал Мадрид, Еден Азар бил сведок на дури 8 Ел класика но има 0 минути. Ферлан Менди, пак, има пет победи и едно реми на шест меча со Барсеона.

17 октомври 2022 - 10:24