Мајстори кратеа стативи на мечот Хал Сити - Бирмингем

Е во ова лежи убавината на стариот добар англиски фудбал. Задржан е уште во втората лига Чемпионшип и во подолните дивизии. Дербито Хал Сити - Бирмингем Сити доцнеше неколку минути затоа што судиите забележале дека едниот гол е два инчи, односно пет сантиметри повисок од другиот.

Пред мечот да започне, судиите и делегатот забележале дека едниот гол е повисок. Според прописите и стандардите, од тло до пречката горе, голот мора да биде точно 2,44 метри, па кога се измерило дека едниот е пет сантиметри повисок, се викале мајстори.

Работниците на теренот брзо завратиле ракави и со не баш лесна работа со брусилка го довеле голот во нормални димензии.

Ова е толку симпатично, како на маалски или селски фудбал кога се спремаат стативи за дерби на колото.

На крајот Бирмингем славеше рутински 0-2 против домаќинот Хал Сити а стрелци на головите беа легендарниот ветеран Трој Дини од пенал во 14’ минута и Бакун во 47’ минута.

17 октомври 2022 - 11:35