
Руските јуришници утрово гранатирале мост во Киев а Андреј Шевченко на својот Инстаграм профил објави снимка од мостот и напиша потресителни зборови:
„Бев во возот кога почна гранатирањето па моравме да застанеме. Тие неколку часа траеа како вечност. Би сакал да кажам само една работа: никакви ракети и гранатирање нема да ги скршат Украинците. Можат да ни земат куќи и улици, но не и достоинство, храброст и желба за слобода. Ќе ја браниме Украина. Ќе пееме под гранати како што Киевјаните денес пееја во метрото. Ќе се бориме додека не победиме.
На овој многу мрачен ден му благодариме на секој од вас кој го дели ова патување со нас. Што и да чувствуате денес, било да е загриженост, љубов или сочувство кон Украина, или очај и бес кон нашиот непријател, нека вашите емоции се претворат во донации. Нека станат уште еден чекор кон нашата заедничка победа“, напиша Шевченко кој од почетокот на воениот конфликт меѓу Русија и Украина помага со донации преку својот хуманитарен фонд и упатува емотивни пораки до своите сонародници.