Фудбал

Пандев одбра број во Парма кој го носеше во Интер пред 12 години

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња ќе ја продолжи сезонава во второлигашот Парма. Бројот 19, омилен на Гоче веќе е зафатен во екипата, па легендата се одлучи за број со кој во Интер ги освои сите можни трофеи под водство на Мурињо.

Новиот фудбалер на Ливерпул кој доаѓа од непокорно племе во Колумбија

Англискиот гигант Ливерпул мируваше до пред самиот крај на зимскиот преоден рок. Се чинеше дека се чуваат за летово. Но овој јануари го израдуваа менаџерот Јирген Клоп и за 45 милиони евра плус 15 милиони евра во бонуси го купија колумбискиот крилен напаѓач Луис Диаз од Порто.

После 796 меча во клупски фудбал, Меси првпат шутираше во пенал серија

Верувале или не, 34-годишниот Лионел Меси после 17 сезони во кариерата и 796 натпревари во клупски фудбал, првпат беше дел од пенал серија. Во 1/8 финалето од францускиот Куп ПСЖ изгуби од Ница 5:6 на пенали откако во регуларниот дел и продолженијата беше 0:0.

ПСЖ испадна од Купот на домашен терен, пенали им бранеше нивен голман позајмен во Ница

Првпат после осум години Пари Сен Жермен нема да игра во финалето на францускиот Куп. И покрај тоа што играа со Меси, Мбапе, Верати, Икарди и сите други ѕвезди, Парижаните не можеа да ѝ дадат гол на Ница која го однесе мечот на пенали.

Шамански ритуал за победа на Перу против Еквадор на патот до Светско првенство

Јужна Америка отсекогаш била погодно тло за шаманство. Во колоритот на народни преданија и страст за фудбал, Јужноамериканците често се занимаваат и со необични нешта. Така во Перу во пресрет на важниот меч од 16. коло квалификации за Светско првенство против Еквадор, група шамани правеле ритуал за пораз на ривалот.

На 80-годишна возраст почина Маурицио Ѕампарини, некогашниот сопственик на Палермо

Најконтроверзниот италијански сопственик на неколку клубови, ентузијаст познат по ексцентричниот однос и смена на безброј тренери во краток временски период, синоќа починал.

Џенова со убава порака до Пандев кој оди кај Буфон

Речиси и да нема клуб во Италија каде Пандев не остави голем печат. Со Лацио освои Куп на Италија и играше Лига на шампиони, со Наполи освои два трофеи во Купот, со Интер на Мурињо освои историска тројна круна, а во Џенова каде беше шест и пол години, на клубот му носеше големи радости со често спасување од испаѓање во втора лига.

Горан Пандев има нов клуб, ќе игра со легендарниот Буфон

Најголемата легенда на македонскиот спорт изненадувачки, пред самиот крај на јануарскиот преоден рок реши да смени средина. Ќе игра во некогашниот гигант на италијанскиот фудбал, денес второлигаш Парма.

Како засилување на Милан ја оплеска на првата средба со навивачите

31 јануари е стандарден датум за затворање на зимскиот преоден рок. Паѓале јаки трансфери во 5 до 12, ама и лапсуси. Во Серија А се памети оној на поранешниот аргентински репрезентативец кој во 2017-та од Лацио премина во Милан.

Како Премиер лигата му посака добредојде на Ериксен

И официјалниот Твитер профил на Премиер лигата со над 30 милиони следбеници, го најави кам бекот на данскиот репрезентативец. Остави голем белег во Тотенхем од 7 сезони, 305 натпевари, 69 голови. Има уште желба и мотиви за фудбал кај овој човек кој на 14 февруари полни 30 години.

Најскапиот фудбалер кој потпиша со Њукасл ќе носи број на дресот како бројот на таксито на татко му

Новите сопственици на Њукасл, државниот инвестициски фонд од Саудиска Арабија кој се смета за најбогат фонд на светот, почна да ги покажува парите. Веќе доведоа сериозни засилувања за клубот кој е трет од позади на табела и води грчевита борба да не испадне во втора лига.

Херојот на зимскиот преоден рок се вика Кристијан Ериксен

Човекот кој пред 7 месеци ја имаше најголемата голгота во животот и кој рече дека 5 минути бил мртов, му се враќа на фудбалот. И тоа не било каде, туку во Премиер лигата, каде играше седум сезони.

Салах ископира асистенција за клуб и репрезентација

Селекцијата на Египет е последниот полуфиналист во Купот на Африкански нации откако со пресврт го совлада Мароко (2:1). Гол и асистенција за Мохамед Салах, кој асистираше идентично како против Рома во Лига на шампиони. Во полуфинале се среќаваат со Камерун, а другата двојка е Буркина Фасо - Сенегал.

Ти го мислиш најголем талент на Манчестер Јунајтед, тој да ти бил психопат

Младиот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој веќе пар сезони е меѓу подобрите стрелци во нападот на екипата и игра за репрезентацијата на Англија е уапсен од полицијата во округот Голем Манчестер поради пријава за силување и нанесување тешки телесни повреди на девојка му.

Федерер за Надал: Пред неколку месеци се шегувавме дека сме на штаки

Рафаел Надал стигна прв до рекордниот Гренд слем број 21 во кариерата, а за големиот подвиг доби честитки и од двајцата главни опоненти, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Канада ги победи САД и е на чекор до Светско првенство, Алфонсо Дејвис урлаше

Канаѓаните играат маестрално во квалификациите за Светско првенство 2022 и синоќа без најдобриот играч Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен, го совладаа главниот конкурент за првото место САД со 2-0. Головите паднаа во 7’ и 90+5’ минута, стрелци беа Кајл Ларин и Сем Адекугбе. Канада сега има 22 бода и е прва, пред САД и Мексико кој се втори и трети со по 18 бода.

Сите 17 голови сезонава на Дуле

Појак роденденски подарок за Влаховиќ од трансфер во Јувентус, на биоскоп. По четири години престој во Фиорентина и 49 голови на 108 средби, од денеска со наполнети 22 години и официјално е член на Старата дама. Сезонава ја игра фантастично со 17 погодоци на 21 меч, прв на листа заедно со Имобиле.

На дербито Чиле - Аргентина судиите заборавиле знаменца па мавтаа редарски елеци

Затоа, од овие причини го љубиме тој јужно-американски фудбал. Спонтан, неискварен, чист, со емоција. На мечот од квалификациите за Светско првенство во рамки на Конмебол, Чиле ја пречека Аргентина и загуби со 1-2. Гаучосите до победа и осигуран пласман на Мундијал 2022 ги водеа Анхел Ди Марија и Лаутаро Мартинез.

Еден најобичен тренинг на Ибра

Знаете некој друг шпиц со ваква форма и еластичност на негова возраст? 41 ќе полни годинава.

Како Кристијано Роналдо ја запознал неговата сопатничка

Во новиот документарец на Нетфликс Soy Georgina, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, еден од најголемите на сите времиња, и неговата партнерка раскажуваат за нивното секојдневие.

Новиот играч на Севиља Хесус Корона на кого место презиме му стои пивски бренд Текатито

Привлечно чуден е тој латино-американски свет каде прекарот знае да биде поголем и од презимето.

Голман, да видиш кога има уписи за Карате Кид, одма ќе те примат

Еквадор и Бразил одиграа натпревар на кој и двајцата голмани беа настинати во паметот. Додуше Бекер не толку, колку Домингез, кој интервенираше како да не му работи мозокот.

Тифозите на Јуве уште од сабајле го пречекаа Душан Влаховиќ

Најтрофејниот клуб во Италија одново ја демонстрираше својата надмоќ над останатите клубови и во ситуација кога сите мислеа дека бјанконерите се во благ финансиски пад, Јувентус изброи 75 милиони евра (67 + 8 бонус) за српскиот центарфор Влаховиќ од Фиорентина кој денес слави 22. роденден.

Тоа контра 5 на 1 не мора да значи сигурен гол да знаете

Конкакаф квалификациите за Светско првенство никогаш не биле поинтересни. Покрај стандардните САД и Мексико кои со години се први или втори, сега сериозно во игра е и Канада која е прва и со 19 бода е на прагот пред пласман на Мундијал 2022. На овој дел од светот има многу интересни средби, како на пример Костарика и Панама кој заврши 1:0 за домаќините. А многу лесно можеше да биде 0-1.