Стратегот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг одлучи да го суспендира Роналдо на неодредено време за недисциплина и тој нема да биде дел од тимот за дербито против Челси закажано за сабота.
37 годишната суперѕвезда очигледно не е навикнат дека и тој може да не биде во комбинација за некој меч, а не покажа ниту доблест да им се извини на тимот и навивачите за непрофесиналниот потег на Олд Трафорд.
„Како што секогаш правев во текот на мојата кариера, се обидувам да живеам и играм со почит кон моите колеги, противници и тренери. Тоа не се променило и јас не сум се променил. Истата личност сум и истиот професионалец што сум бил во последните 20 години играјќи елитен фудбал, а почитта секогаш играла многу важна улога во процесот на донесување одлуки.
Почнав многу млад, секогаш важен пример ми беа постарите и најискусните играчи. Затоа, подоцна, секогаш се обидував да дадам пример за младите кои растеа во сите тимови кои ги претставував. За жал, не може да го правите тоа секогаш и понекогаш во момент на жештина не давате најдобра слика за себе.
Во моментов, чувствувам дека треба да продолжам да работам напорно во Карингтон, да ги поддржувам моите соиграчи и да бидам подготвен за сè на било кој натпревар. Попуштање под притисокот не е опција и никогаш не било. Ова е Манчестер Јунајтед и мора да стоиме обединети. Наскоро повторно ќе бидеме заедно“, стои во коментатор на Роналдо.