Голот-бомба и лудиот обид на Осимен за Наполи

Наполи игра историска сезона и има 11 победи по ред во Серија А и Лига на шампиони. Го пребродија и тешкото гостување кај Рома на „Олимпико“. Славеа Наполитанците 0-1 со прекрасниот гол на шпицот Виктор Осимен кој во 90+4' минута имаше и обид за да го постигне најубавиот гол на сезоната во цела Европа. Од преку 60 метри!

Македонскиот репрезентативец влезе во игра од клупата во 57' минута наместо Ндомбеле. Ова дерби изобилуваше со нервозни ситуации на теренот па така по средбата Рик Карсдорп доби црвен картон и му се сипа на судијата Ирати.

24 октомври 2022 - 11:36