Во Серија А ретко кога судија бил така нападнат

Наполи ја совлада и Рома на преполниот „Олимпико“ во Рим 0-1 со голот на Нигериецот Осимен и покажа дека е најсериозен кандидат за скудетото во моментов. Дербито во Рим помина со многу нервоза, турканици, прекини, а најголема беља направи холандскиот бек Рик Карсдорп кој по една мешаница, го турна главниот судија Ирати и му се внесуваше со глава.

Нашиот Елиф Елмас во игра влезе во 57' минута наместо Н'домбеле и имаше голем удел во најважниот гостински триумф на Наполи сезонава.

24 октомври 2022 - 10:13