
Франко Армани, легендарниот репрезентативен голман на Аргентина и капитен на Ривер Плејт ќе биде долго паметен и почитуван од ривалските навивачи на Бока. Тој е најзаслужен за титулата на клубот од „Бомбонера“.
Во последното 27. коло од Клаузура, за титула се бореа Расинг Авеланеда и Бока која имаше бод предност во однос на второпласираниот Расинг.
Пред преполна „Бомбонера“ Бока го пречека Индепендиенте а Расинг играше големо дерби со Ривер Плејт.
И на двата стадиони беше спремен спектакл за прослава на шампионски трофеј. Бока прими гол во 34' минута од пенал но после неколку секунди израмни на 1-1.
Во 50' минута Себастијан Виљ со страшен гол од слободен удар ги донесе домаќините во водство но Хавиер Ваљехо израмни на 2-2 во 81' минута.
Паралалено, луд меч одиграа Расинг и Ривер. Со триумф домашниот тим ќе освоеше титула но се случи драма. Во Авељанеда кога слушнаа дека Бока примила гол навивачите лудо славеле:
La gente de Racing gritó el gol de Independiente y, al toque, lo empató Boca. Y si. pic.twitter.com/PCc3Xzz5Mv
— Christian Alonso (@ChrisLAlonso) October 23, 2022
Иако поведе од пенал во 56' минута преку Матиас Рохас, Расинг прими гол во 80' минута. Решавачки момент беше во 90' минута кога домаќините добија пенал кој вредеше голема историска титула.
Топката ја намести Гаалван но ветеранот Франко Армани одбрани и ги фрли навивачите на Бока во Буенос Аирес во транс:
За шампионското славје на Бока да биде уште поеуфорично се погрижи Борха од Ривер кој во 90+5' минута постигна гол за триумф на „милионерите“ 1:2 и 35. шампионска титула за Бока.
На крајот на табелата Бока прва со 52 бода, Расинг втор со 50. Се благодарение на голманот на Ривер Франко Армани.