Нов убав гол на маестралниот Миовски во Шкотска

Во моментов најдобриот македонски фудбалер, шпицот Бојан Миовски денес постигна нов гол за неговиот тим Абердин во шкотската Премиер лига. За македонскиот центарфор ова е осми гол сезонава и е втор стрелец во шкотското првенство, зад Антонио Чолак од Ренџерс.

На гостувањето кај Мадервил, Бојан Миовски го донесе својот Абердин во водство уште во 4' минута кога со прекрасен лоб го матираше домашниот голман. 

Ако продолжи во овој стил, Миовски наскоро би можел да го привлече вниманието на двата најголеми шкотски клуба кои по обичај ги купуваат најдобрите фудбалери од помалите клубови од лигата.

22 октомври 2022 - 17:40