Лут и фрустриран пред крајот од мечот со Тотенхем Хотспур (2:0), португалскиот ас тргна кон соблекувалните без да се поздрави со никого.
Холандскиот тренер Тен Хаг ги прати на загревање младиот Еланга и Кристијано Роналдо кои беа на клупата, но во самиот финиш реши да му даде шанса на Швеѓанецот со африканско потекло, не и на Португалецот. Причината ја објасни самиот Тен Хаг денес: „Роналдо одби да влезе во игра“. А тоа му се случува втор пат.
Според нови инсајдери, како што пишуваат Daily Mail и The Athletic, Тен Хаг наводно го викнал Роналдо да го внесе во игра во 87’ минута но овој одбил и не само што замина во подтрибински простор, туку и си отишол директно дома без да слави победа со соиграчите.
Вакво нешто се случи и во август на пријателскиот меч со Рајо Ваљекано (Столе Димитриевски бранеше одлично на „Олд Трафорд“) кога Кристијано играше но не го почекал последниот судиски свиреж и заминал од стадионот.
Тогаш Тен Хаг рече: „Тоа е недопустливо. Ние сме тим, сите треба да останат до крајот“.
А за сегашниот скандал, Тен Хаг кажа: „Го видов него но не разговаравме. Ќе се разберам со него утре, не денес. Денес ние славиме победа“.
РЕАКЦИЈА ОД КЛУБОТ, КАЗНА И СУСПЕНЗИЈА
Управата на Манчестер по неколкучасовно вагање на ситуацијата, соопшти дека Кристијано нема да игра на дербито со Челси, а The Athletic додал и дека тој ќе тренира одвоено откако менаџерот Тен Хаг решил да го тргне од тимот на неопределено време.
Јунајтед не соопшти дали Кристијано Роналдо е казнет парично а пример кратење плата на две недели би била сериозна казна од околу 1 милион фунти.
ПОРТУГАЛЕЦОТ ПРИЗНАЛ ДЕКА НЕ БИЛ ВО ПРАВО НО НЕ СЕ ИЗВИНИ
По веста за негово отстранување од екипата, Роналдо се огласи на социјалните медиуми. Проба да ја смири топката.
„Цела кариера се трудам да живеам и играм со уважување кон колегите, противничките играчи и тренерите. Тоа не е сменето. Јас не сум сменет. Ист сум и како човек и како професионалец каков што бил во последните 20 години во фудбалот. И уважувањето секогаш беше решавачки фактор при носење одлуки. Понекогаш не може да се контролира напливот на емоции во себе“, изјави меѓудругото Кристијано.
ШТО МИСЛАТ ВО АНГЛИЈА?
Стручните коментатори не чекаа ни минута да фрлат со дрвја и камења по Португалецот. Најостри беа Дени Милс и Дион Даблин.
„Ако он така постапил наменро, тоа е апсолутна срамота. Мислам дека е непочит кон екипата, тренерот и навивачите. Он се става над клубот. Тотален срам!“, рече првиот а вториот отиде подалеку и додаде: „Јас би го задавил да ми направи мене такво нешто да сум му тренер“.
Во одбрана на Роналдо застана неговиот добар пријател и некогашен соиграч Патрис Евра. „Би сакал да се посветиме на играта на Манчестер Јунајтед а не на одбрана на Кристијано. Не знаеме дали му кажал на Тен Хаг дека ќе излезе а се прави цела историја д тоа. Не сакам да барам оправдание но треба да се прекине да се зборува за Роналдо секој ден“.
Водителот Пирс Морган рече: „Тоа што Тен Хаг изгледа како восхитен што го понижува Роналдо изгледа тажно. Да се остави најголемиот фудбалер на клупа за резерви, да се пушти долго да се загрева а после ни да се стави во игра како замена е непочит кон најдобриот стрелец на Манчестер Јунајтед минатата сезона“.
Тиери Анри беше подипломатски расположен па кажа дека „ситуацијата не е лесна, но Тен Хаг во Манчестер Јунајтед е поради екипата а не поради Кристијано Роналдо. Кристијано е дел од тимот затоа треба да се бара решение. Тен Хаг понекогаш игра без него“.
Питер Шмајхел, легендаата на Манчестер Јунајтед вели:
„Првпат можам да кажам дека сум разочаран од Роналдо. Обично го поддржувам, му ја сфаќам ситуацијата. Имаме преоден период. Сега кај нас е Ерик тен Хаг за кого имам одлична претстава каков фудбал сака да игра. Ни треба разбирање и време. Не ни требаат такви фактори кои одвлекуваат внимание и би кажал дека е разочарувачки“.
Најгласно Роналдо како и секогаш беше поддржан од сестра му Елма Авеиро која објави слика со играчот на стори и напиша: „Мојот голем херој и љубов на целиот мој живот. Ќе бидам со тебе додека смртта не не раздели. Постои закон на бумеранг. Не им го прави на другите тоа што не сакаш да ти го прават тебе. Бог не спие“.
ШТО И КАКО ПОНАТАМУ?
Според The Guardian тренерот Тен Хаг одобрил продажба на Кристијано Роналдо во зимскиот преоден рок. Извршниот директор Ричард Арнолд е спремен да го поддржи тренерот во намерата да се продаде Португалецот.
Проблемот лежи во тоа што тој има висока плата, околу 500.000 фунти неделно. Манчестер Јунајтед размислувал и да го прати на позајмица и тоа со опција да плаќа пола од неговата плата.
Има информации дека Роналдо воопшто не сакал да зборува ниту со некои луѓе од стручниот штаб на Тен Хаг а Холанѓанецот знае за тоа.
Рио Фердинанд изјави дека Тен Хаг е виновен што минатото лето не го продаде Кристијано Роналдо. „Сега просто седам и размислувам зошто Манчестер не го пушти Роналдо ако Тн Хаг уште тогаш знаел дека не му е во плановите? Тоа ме чуди. Роналдо требаше да се пушти да оди.“