На денот на неговиот роденден кога полни 40 години, одиме со една куса приказна за неговата великодушност.
Видиќ ја почна кариерата во Црвена Ѕвезда 2000-та и таму остана до 2004-та со исклучок на една сезона кога беше пратен на позајмица во Спартак Суботица.
По доаѓањето во Белград, станал многу добар пријател со Влада Димитријевиќ кој важел исто така за голем талент, но за жал нивното пријателство завршило во 2001-ва.
Димитријевиќ колабирал на тренинг. Се стрчал да му помогне лекарот, физиотерапевтот, а меѓу останатите и Драган Џаиќ, но не успеале да го спасат.
Години подоцна, Видиќ не го заборавил својот пријател и останал во контакт со неговото семејство.
Во еден телефонски со разговор со татко му на Влада, Недељко Димитријевиќ, тој сакал да им помогне со пари и го прашал дали има девизна сметка. Кога добил негативен одговор му рекол да отвори што побрзо.
По отворањето на сметката Недељко отишол во банка, а вработената му соопштила дека има 126.000 евра.
Му се јавил веднаш на Немања за да му се заблагодари, а тој го советувал да купи стан во Белград и ако му фалат пари да му се јави.
Таткото на покојниот Влада го послушал и купил стан со број 15, бројот кој го носеше Видиќ.