Фудбал

Историски момент во Битола, светна Тумбе Кафе

Ете до таму ни е стасан клупскиот фудбал, да во 21 век објавуваме дека фудбалски град како Битола за прв пат се радува на рефлектори.

За грдни пари се продава дресот во кој Марадона го даде легендарниот гол со рака

Во четвртфиналето на Светско првенство 1986 Диего Армандо со два култни гола кои ја обележаа неговата кариера, сам ја урна Англија и ја однесе Аргентина во полуфинале а после и до титулата.

Глупчо влезе на терен и му упропасти шанса на Вест Хем

Вест Хем од 45+3’ минута играше со играч помалку против Лион поради црвениот картон на Арон Кресвел. Се бореа „чеканите“ до крај. Поведоа први во 52’ минута, Ндомбеле израмни на 1-1 во 66-та за да во 85-та Вест Хем тргне во одлучна контра и при шанса за гол еден глупчо од трибини влетува на терен и ја прекинува играта.

Како тоа гол од корнер по земја?

Барселона синоќа не играше само во Лига Европа, туку и во Копа Судамерикана, што е исто така второ по ранг клупско континентално натпреварување. Ама вторава Барселона е од Еквадор и славеше 4:2 против Монтевидео. Аргентинецот Киту Диаз му го кажа вицот на голманот.

Евроголот на Ајнтрахт Франкфурт против Барса

Младиот 20-годишен Ансгар Кнауф, Германец кој игра лево крило за Ајнтрахт Франкфурт каде е позајмен од Борусија Дортмунд, се прослави со еврогол против Барселона на првиот меч од четвртфинале на Лига Европа. Го испружи Тер-Штеген ко мачка. До крајот Каталонците израмнија на 1-1 преку Феран Торес по сјајна акција и со поволен резултат ќе го чекаат реваншот.

УЕФА нека го затвори конкурсот за гол на сезоната, Паје е веќе победник

Олимпик Марсеј го совлада ПАОК со 2:1 во четвртфиналето од Лигата на Конференции, а Дмитри Паје изведе чудесија од волеј, кој не постои голман кој може да го одбрани. Неверојатен проектил.

Си нашол Мурињо со топка снег да го маваш

Жозе вечерва со Рома во Лига Конференции гостува на крајниот север каде го чека Бодо Глимт, екипа која му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата 6-1 на исто место пред неколку месеци.

Најголемите ќеифови кои ги теравме со Панини

По речиси половина век соработка, УЕФА раскина со Панини и се врза со нова компанија, ама нас Панини ќе ни остане во срце, бидејќи по многу патење доживеавме да ги лепиме и да се мењаме со Пандев, Елмас, Нестор и сите други јунаци, а му најдовме посебно место и на Мрме.

Менди си ги возеше европските прваци, а Анчелоти едвај издржа дуел со Валверде

Атрактивен, а на момент беше и забавен дуелот меѓу актуелниот европски првак и рекордерот со 13 титули. Бележиме уште две ситуации, кои можеби не сте ги забележале во пренос. Моментот кога пола тим на Челси не можеше да му ја земе на Ферланд Менди и скокот на Федерико Валверде кој му слета на Карло на рамо.

А го видовте ли Нојер што направи?

Виљареал го победи Баерн Минхен со 1-0 и сонува пласман во полуфинале на Лига на шампиони но ќе мора да издржи во реваншот во Германија. На мечот на „Естадио де ла Керамика“ најдобриот светски голман за малку ќе примеше гол од пола терен како во 2011-та година кога додека бранеше за Шалке, Дејан Станковиќ како играч на Интер му даде незаборавен еврогол.

Каков Виљареал ќе беше ова, голот на Баерн висел цела вечер

Додека сите очи синоќа беа повеќе вперени кон Стемфорд Бриџ каде гледавме дуел на титаните, во Шпанија Баварците и добро што поминале со 1:0.

Дилета знае и со фудбалска топка, не само со микрофон

Водителката на емисија за италијански фудбал, популарната Дилета Леота покажа што знае и со топка.

На Бензема му бараа легитимација на Стемфорд Бриџ, па после им покажа кој е

Дали е Петко, Станко или играч на Реал Мадрид, во Англија не гледаат, туку правила си се правила. За да влезеш, мора да имаш пропусница. Па за среќа, односно за несреќа на домаќините, добро што Карим ја нашол.

Славниот син на берберските народи - како Бензема стана легенда на Реал Мадрид

„Како помлад често зборуваше за постерите од Бразилецот Роналдо кои ги имал на ѕидовите во детската соба и за Златната топка“, вели новинарот Арно Рамсаи, биограф на книгите за Анелка и Јури Џоркаеф.

Добро од каде модава, вака да се изведуваат пенали?

Погба ли е крив или некој друг? Па тренерите треба да им ги забранат.

Фантастичен гол на Џовинко-помладиот

Додека брат му Себастијан, поранешниот играч на Јувентус сега е пред крај на кариерата во Сампдорија, Џузепе Џовинко дава одлични голови во Серија Ц за Таранто. На мечот против Монополи на кој победија 2-0, Џовинко-помладиот распали едно шутиште од четириесет метри.

20 секунди фудбалски циркуз во Малезија

А кој ли беше тој што влезе во терен кога фудбалерот во жолто дриблаше до аут линија и дали тој што ја шутна на крај има доручкувано? Абе не се повторува ваква акција, тоест две.

Нагатомо vs Кркиќ и Иниеста

Ако сте го подзборавиле јапонскиот бек кој се прослави во Интер, еве го се јави. По заминувањето од Серија А играше за Галатасарај и Марсеј, а од лани настапува за Токио. Има 35 години и е во добра форма. Му ја зема искусно на Бојан Кркиќ, а потоа го издрибла Иниеста за што заработи аплаузи и овации.

Поранешна Златна топка застана во одбрана на Украина

Во сенка на големата ѕвезда Андриј Шевченко, Игор Беланов е малку подзаборавен лик и еден од тројцата Украинци кој успеа да го освои големото индивидуално признание. 

Карим Бенз А класа - Реал Мадрид го растури Челси среде Лондон, Виљареал сонува

Кралскиот клуб предводен од неверојатниот Карим Бензема со 1-3 го совлада англискиот претставник и обезбеди огромен капитал пред реваншот во Мадрид. Бензема со хет-трик го реши мечот. Виљареал уште живее во бајка, победен Баерн Минхен.

Фабињо, држи се поарно до танцот

Бразилскиот репрезентативец од Ливерпул синоќа одигра голема ролја во убедливата победа кај Бенфика. За првиот гол на гостите кој го даде Ибраима Конате, Фабињо тргна да слави исто како Африканецот, со лизгање на колена, ама добро е што не се прекрши и стана на нозе.

Десниот бек кој дава топки на тацна

Ливерпул ги има најдобрите бекови на светот во моментов. Лево ора брзоногиот Енди Робертсон а десно топки како со рака дели Трент Александер-Арнолд. Против Бенфика во Лига на шампиони беа главни автори на победата со сјајни додавања.

Тоти забавува маалска публика и ужива во аматерска лига

Живата легенда на Рома, 45-годишниот Франческо Тоти од 2020-та година сериозно се навлекол на аматерски фудбал 8 на 8. Тој игра за тимот Тоти Спортинг Клуб, основан во тренинг центарот на фудбалската академија која што ја води неговиот брат Рикардо. 

Невозможни одбрани, арапски коментатор полуде по Владимир

Во полуфиналето на Кралскиот Куп на Саудиска Арабија, Ал Феиха со 1-0 го победила фаворитот Ал Итихад. Најзаслужен за тоа бил ветеранот Владимир Стојковиќ, некогашниот голман на Црвена звезда и Партизан кој на свои 38 години имал неверојатни одбрани. Коментаторот полуде од возбуда.